Топ 5 анимирани филмови кои ќе ги научат вашите деца на важните животни лекции

Анимираните филмови отсекогаш биле форма во која најмногу уживаат децата. Адаптирани се на нивната возраст, нивните интереси и вкусови, а можат да бидат и идеален извор преку кои ќе научат разни животни лекции. 

5 najdobri animirani filmovi koi ke gi naucat vasite deca na vaznite zivotni lekcii 01

Ова се пет најдобри анимирани филмови кои ќе ги научат вашите деца на важните животни лекции, а можеби и вие самите ќе се потсетите на нив:

1. Снежана и седумте џуџиња (1937)

„Снежана и седумте џуџиња” е првиот анимиран долгометражен филм. Цртаниот ја воодушевил публиката во свое време, а класичната приказна на браќата Грим продолжува да ги интересира децата дури и денес.

Освен што можат да ги следат авантурите на Снежана, ловецот, кралицата и џуџињата, ќе научат и многу важни животни лекции.

Пред сè, ќе научат дека доброто може да се најде во секое човечко суштество, како што Снежана веруваше. Цртаниот нè учи и за важноста на пријателството, особено во тешките животни ситуации, како кога Снежана е бездомник.

Една од најважните лекции за децата е дека мора да бидат внимателни во врска со странци и да не ја отвораат вратата од својот дом на секој.

2. Пинокио (1940)

Симпатична дрвена кукла направена во работилница на еден столар носи многу животни лекции, од кои едната е важноста на односот со вашиот родител.

Родителите се најважните личности во животот на секое дете, а врската со нив е клучна за подоцнежниот психолошки и емотивен развој на детето.

Пинокио од самиот почеток има многу негативен став кон неговиот „татко“. Нема намера да ги почитува неговите инструкции и да оди на училиште, што резултира со низа незгодни ситуации. Но тој дознава дека „вистинските момчиња“ мора да бидат искрени.

https://www.youtube.com/watch?v=r_POK-52yvM

3. Многуте авантури на Вини Пу (1977)

Екранизацијата на детската приказна ги воодушевува сите генерации. Можеме да научиме многу лекции од мечето Вини, и неговите пријатели, како што се оние за разноликоста, заедништвото, неволјите што доаѓаат со алчноста, но и вистинското пријателство, без оглед во каква форма доаѓа.

4. Малата сирена (1989)

Сирена што се откажа од својот морски свет и ја жртвуваше опашката за вистинска љубов можеби не изгледа како најдобар модел за деца. Но ако гребеме под површината, ќе видиме дека анимираниот филм, заснован на класичната бајка на Андерсен, има многу посилна порака.

Имено, Ариел е личност која едноставно има чисто срце и сака да се бори за она што го сака. Таа е свесна за тоа што ќе ја направи најсреќна и подготвена е да жртвува сè што е потребно, внимавајќи да не повреди никого.

5. Убавицата и Ѕверот (1991)

Уште еден цртан на Дизни што ќе ги научи децата, не само на лекциите за вистинската љубов, туку и за пожртвуваноста и, што е најважно, дека убавината може да се види преку нечие срце, а не надворешниот изглед.

Ликот на Ѕверот е идеален пример каде можете да му објасните на детето како околината често го осудува изгледот. Потсетете го дека никој не треба да се суди според неговиот изглед.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...
10 култни празнични филмови (кои вреди да ги изгледате 100-ти пат) Нормално, прв на листата е Home Alone, но овде се и Elf, A Christmas Story, па и...

Најчитани неделава