10 филмови исполнети со мистерија кои ќе си поиграат со вашиот ум

Речиси и да не постојат филмски фанатици кои не го обожаваат жанрот мистерија, особено кога филмот си поигрува со нашиот ум.

10-filmovi-ispolneti-so-misterija-01.jpg

Доколку сте расположени за добри филмови кои ќе ве остават со подзината уста, тогаш дефинитивно треба да одвоите време за:

Side Effects (2013)

Проблемите на Емили ја стигнуваат и започнуваат да ја прогонуваат. Нејзиниот психијатар Џонатан Бенкс ќе и препише нови лекови. Но, она што ќе се случи откако таа ќе ги земе ќе ги запрепасти сите.

Don’t Breathe (2016)

Тројца крадци провалуваат во домот на постар човек мислејќи дека ќе украдат големо богатство. Тој е лесен плен бидејќи е слеп. Сепак, работите не се онакви какви што изгледаат, а домаќинот не е толку безопасен како што се претставува.

Split (2016)

Кевин страда од синдром на подвоена личност. Тој всушност нема две, туку импресивни 23 личности кои живеат во него. Кога едниот од нив ќе киднапира 3 тинејџерки се заканува најголемата опасност – 24-тата личност, демонот кое се крие во Кевин.

Prometheus (2012)

Откако ќе се најде мал доказ за потеклото на човештвото, тим на истражувачи е испратен на мисија во најтемниот дел на универзумот. Но, кога ќе пронајдат нешто сосема неочекувано, тоа има различен ефект врз сите во тимот.

The Witch (2015)

Нова Англија, 17 век. Пуританско семејство кое е прогонето започнува да живее на мала фарма покрај огромна шума, сосема изолирани од останатиот дел од светот. Но, мрачни сили започнуваат да ги прогонуваат.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...

Најчитани неделава