6 филмови против 6 истоимени серии – што ќе одберете вие?

Jack Ryan: Shadow Recruit (2014)

Крис Пајн е во главната улога во филмот од 2014 година. Џек Рајан е поручник во Маринците и патува во Русија со цел да провери бизнисмен по име Черевин. Случајно открива опасна терористичка завера.

Jack Ryan (ТВ серија 2018 – )

Џон Красински (The Office) е Џак Рајан во истоимената серија, ЦИА аналитичар чија кариера е во подем. Доверена му е опасна задача на терен, која вклучува комуникација помеѓу терористички келии. Одеднаш тој се наоѓа во средината на опасна, смртоносна игра.

Westworld (1973)

Westworld е името на популарен футуристички, тематски забавен парк, каде што гостите може да се забавуваат во Дивиот запад населен со андроиди, односно роботи. Блејн и Мартин се другари кои дошле во паркот со цел да си поминат незаборавно, но откако Блејн ќе биде убиен во дуел од страна на робот, фантазијата на Мартин се претвора во реална игра за опстанок.

Westworld (ТВ серија 2016 – )

Свет поставен некаде на пресекот помеѓу блиската иднина и минатото кое има тенденција да се повторува, имате можност да истражите свет во којшто човечкиот апетит е ненаситен, а како да не постојат последици од истиот.

The Handmaid’s Tale (1990)

Работен според романот на канадската писателка Маргарет Атвуд, Кејт е робинка чија задача е да му служи на господарот на којшто му е доделена. Нејзината задача е да забремени да му роди дете, во свет каде што бременоста е еднаква на чудо.

The Handmaid’s Tale (TV Series 2017 – )

Во истоимената серија ја имаме Џун, или Нафред, во теократскo општество, каде што жените немаат право на глас и служат единствено како машини за размножување. Но една храбра жена ќе го крене гласот против угнетувањето.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg