Што да гледате на 1 јануари 2021 година? 15 одлични филмови од различни жанрови

Биографски – Tesla

Визионерскиот пронаоѓач Никола Тесла води тешка битка за да го оствари својот револуционерен електричен систем, а потоа се соочува со нови предизвици поврзани со идејата за бесплатна безжична енергија во светски рамки.

Историски – Resistance

Пред да стане светски познат мимик, талентираниот еврејски актер Марсел Мангел се приклучува на Францускиот отпор за да спаси илјадници деца без родители од владеењето на нацистите.

Научна фантастика – The Midnight Sky

Осамен научник на Арктикот е во трка со времето за да контактира со екипажот на астронаути кои се враќаат дома во пресрет на загадочна, глобална катастрофа.

Авантура – The Call of the Wild

Бак е куче со големо срце, чиј блажен домашен живот се превртува наопаку кога од неговиот дом е преселен во егзотичните диви области на Алјаска, Јукон во 1890-тите.

Мистерија – Rebecca

Млад брачен пар пристигнува во импозантниот семеен имот на сопругот англиското крајбрежје. Но, над нив е сенката на неговата прва сопруга Ребека, чие наследство живее во куќата долго по нејзината смрт.

Новогодишно-божиќен – A California Christmas

Богат шармер се претставува како работник за да го натера семејството во Калифорнија да му го продаде имотот на неговата фамилијарна компанија токму пред Божиќ.

Вистински настан – The Trial of the Chicago 7

Филмот е базиран на неславното судење на 7 обвинети во 1969 година од федералната влада за заговор, поради контракултурните протести во Чикаго на Демократската национална конвенција во 1968 година.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg