10 извонредни цртани филмови кои нѐ учат на животни лекции

6. Up, 2009 година

Уште во првите 10 минути, преку овој магичен, анимиран филм ќе научите колку е неверојатна прошетката наречена „живот“, особено доколку покрај вас чекори одредена, посебна личност.

Up нѐ учи дека во одреден момент мора самите да решиме дека ни е потребна промена, за да можеме да се ослободиме од живеење во минатото.

Дефинитивно, еден од најемотивните цртани филмови.

7. Despicable Me, 2010 година

Despicable Me е анимиран филм за еден симпатичен суперхерој кој планира да ја украде Месечината.

Тој нѐ учи дека никогаш не сме премногу стари за да ја почувствуваме љубовта и дека најголемите задоволства можат да проникнат од најмалите моменти.

8. Inside Out, 2015 година

Приказна која ни покажува како емоциите може да бидат сосема различни.

Овој цртан филм нѐ учи дека среќата и радоста се најважните, „добри“ емоции, но дека покрај тоа сите наши емоции се подеднакво важни.

9. Abominable, 2019 година

Станува збор за два главни лика, со неверојатно слична, осамена судбина.

Секој од нив бега од нешто и копнее по нешто значајно, а заедно тие се надополнуваат и ги надминуваат своите слабости.

Овој цртан филм на првично место ја истакнува важноста на поддршката, лојалноста и несебичната грижа кон своите сакани.

10. Soul, 2020 година

Oвој спектакуларен филм на Pixar нѐ учи дека навистина лесно можеме да станеме „изгубена“ душа, но исто така дека треба да уживаме во секој момент и да ја цениме секоја следна воздишка.

Работите често не одат според планираното, но очајувањето е најлошата карта која можеме да ја извлечеме, а наспроти тоа најдобрата е да се помириме со веќе слученото и цврсто да газиме по нашите нови предизвици.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...

Најчитани неделава