10 филмски спектакли инспирирани од грчката митологија чија естетика ќе ве воодушеви

Troy, 300: Rise of an Empire и дизниевиот Hercules се само дел од одличните филмови инспирирани од грчката митологија кои нема да ве остават рамнодушни ни со приказната, ни со естетиката.

10-filmski-spektakli-inspirirani-od-grchkata-mitologija-cihja-estetika-kje-ve-voodushevi 01 630x330.jpg

Митологијата и светот на боговите се фасцинантна тема илјадници години наназад. Тие претставуваат белег и неоспорно културно богатство кое го одразува нашето постоење.

Трагичните љубовни приказни помеѓу смртниците и бесмртниците, херојските борби меѓу силите на доброто и злото, влијанието на боговите врз луѓето – се всушност темелите на многубројните филмски ремек-дела за грчката митологија.

За вљубениците на грчката митологија, во продолжение ги издвоивме најистакнатите филмски спектакли чија естетика нема да ве остави рамнодушни:

Clash of the Titans (2010)

Полубогот Персеј, син на Зевс, се бори против поданиците од подземјето за да ги спречи да ги освојат небото и земјата.

Immortals (2011)

Немилосрдниот крал Хиперион ја води својата крвожедна војска во смртоносен поход во Грција, во потрага по оружје што ќе уништи луѓе.

Тезеј, смртник избран од богот Зевс, мора да ја води борбата против Хиперион и неговата зла сила. Судбината на луѓето и боговите е во неговите раце.

300: Rise of an Empire (2014)

Грчкиот генерал Темистокле води напад против инвазијата на персиските сили, предводени од смртник претворен во богот Ксеркс и Артемисија - одмазднички командант на персиската морнарица.

Hercules (2014)

Откако ги издржа своите легендарни дванаесет искушенија, Херкулес - грчки полубог, го стави својот живот на тест, кога кралот на Тракија и неговата ќерка побараа негова помош во победата над тиранскиот воен водач.

Clash of the Titans (1981)

Персеј мора да се бори против Медуза и Кракен за да ја спаси принцезата Андромеда.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови од Канскиот филмски фестивал што не треба да ги пропуштите годинава Шпанската драма The Beloved со Хавиер Бардем во главната улога, или новиот филм ...
10 филмови од годинешниот Филмски фестивал во Венеција што треба да ги изгледате Мрачниот Frankenstein на Гиљермо дел Торо или, пак, The Smashing Machine кој се ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 филмски премиери што со нетрпение ги чекаме ова лето Најзабавниот филм дефинитивно ќе биде Coyote vs. ACME, сигурно ќе уживате во шес...
10 филмски премиери на Нетфликс што не треба да ги пропуштите оваа есен Морничав документарец за убиство во Флорида, забавна драма со Џорџ Клуни, но и а...

Најчитани неделава