Зошто ме преплави среќа од првата епизода од новата сезона на „Преспав“?


Зошто ме преплави среќа од првата епизода од новата сезона на „Преспав“?

„Затоа што одамна не сум се радувала на некоја ТВ програма и не сум чекала одреден тајминг нешто да се емитува. Плус, некако среќата е колективна. Им се јавив на татко ми и сестра ми за да ги потсетам да не заборават да гледаат, а тие ми кажаа дека веќе знаат и чекаат за да гледаат Преспав.“

zoshto-me-preplavi-srekja-od-prvata-epizoda-na-novata-sezona-na-prespav-01.jpgфото: Фејсбук Преспав

Затоа што си навив аларм за да не заборавам да ја гледам првата епизода од 6-тата сезона на Преспав во 20:15 на МРТ1.

Затоа што одамна не сум се радувала на некоја ТВ програма и не сум чекала одреден тајминг.

Плус, некако среќата е колективна.

Им се јавив на татко ми и сестра ми за да ги потсетам да не заборават да гледаат, а тие ми кажаа дека веќе знаат и го чекаат тајмингот.

zoshto-me-preplavi-srekja-od-prvata-epizoda-na-novata-sezona-na-prespav-05.jpg

Атмосферата малку ме потсети дури на шармот кога при емитувањето на Касандра улиците низ Македонија беа празни.

Добро сега не се празни, но ме потсети.

Затоа што додека ја гледавме епизодата со сопругот се смеевме на глас.

zoshto-me-preplavi-srekja-od-prvata-epizoda-na-novata-sezona-na-prespav-04.jpg

Најмногу од сè затоа што е македонски производ кој со леснотија успева да ме радува.

Затоа што се соживеав со ликовите.

Затоа што во главата ми е трка кој ми е омилен лик и секогаш имам промена, па од Талат и Коста до Исаура и Јелена, омилениот лик ми е променлив.

zoshto-me-preplavi-srekja-od-prvata-epizoda-na-novata-sezona-na-prespav-03.jpg

Затоа што чувствувам возбуда што исчекувам нешто на телевизија, во време кога секоја содржина ми е на еден клик.

Некако си има посебна магија тоа, мора да признаете.

Затоа што епизодата не ме разочара, туку ми ги задоволија очекувањата, а и ми ги надминаа.

Затоа што ми беа на ниво на задачата, па дури и пошармантни и посмешни и покреативни.

Затоа што Преспав е производ со македонско сонце и производ за кој со задоволство кажувам „Браво! Токму вакво нешто ни беше потребно и мило ми е што CRNOBELO.com е пријател на Преспав“.

zoshto-me-preplavi-srekja-od-prvata-epizoda-na-novata-sezona-na-prespav-02.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Болеста на Берлин не постои - Детали кои ви поминале незабележано во „La Casa de Papel“ Убедливо најгледаната шпанска серија на Netflix продолжува да руши рекорди благо...
Колку се променија ликовите од Stranger Things од првата до последната епизода? Stranger Things стана една од најгледаните серии на денешницата. Атмосферата што...
Дојдете по своите Милијарди: Најдобрата серија за пари и моќ започнува со втората сезона Првиот е човек со неограничени финансиски средства, а вториот за себе тврди дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg