10-те најпопуларни и најдобри серии од 2026-та (досега)
Новата серија на креаторите на Stranger Things, неколку продолженија на веќе популарни серии, но и напната крими серија инспирирана од вистински настани.

Првата половина од 2026-та е речиси при крај, а во изминативе пет месеци се појавија низа навистина добри серии.
Трилер, хорор, научна фантастика, но и драма и романса – има нешто добро за сечиј вкус.
Десет од најпопуларните ( и најдобрите) серии од 2026-та досега:
Spider-Noir
Снимена според стриповите на Marvel, Spider-Noir е „нео ноар“ серија што е вистинско освежување за жанрот со суперхерои, а во главната улога го гледаме Николас Кејџ
Дејството е сместено во 1930-тите, а главниот лик е Бен Рејли, постар приватен детектив кој во младоста бил единствениот суперхерој во Њујорк, познат како The Spider.
Кога ќе се соочи со необичен случај, ќе треба да му се врати на стариот идентитет и уште еднаш да стане суперхерој.
The Boroughs
Научнофантастичната серија The Boroughs е во продукција на браќата Дафер – креаторите на ултрапопуларната Stranger Things.
Главните ликови се група повозрасни луѓе кои живеат во заедница на пензионери чиј хармоничен живот е нарушен кога ќе се соочат со закана која не е од овој свет.
Серијата има и мошне добра актерска екипа, со ѕвезди како Алфред Молина и Џина Дејвис.
Off Campus
Ако сакате серија што е поблиску до реалноста со доза романтика, тогаш изгледајте ја Off Campus – романтична драма каде главните ликови се студенти.
Дејството, кое е сместено на фиктивен универзитет, се фокусира на студентка на музички факултет.
За да му го привлече вниманието на момчето што ѝ се допаѓа, таа почнува лажна врска со колега од факултетот.
Dutton Ranch
Dutton Ranch e спин-оф, но и сиквел на популарната Yellowstone, па би било добро прво да ја изгледате оригиналната серија.
Главните ликови се маж и жена од оригиналната серија кои ризикуваат сè за да почнат нов живот во Јужен Тексас, далеку од ранчот Јелоустоун.
Но, бруталната нова реалност и ривалите што ги среќаваат се закануваат да им го срушат сонот.
Widow’s Bay
Widdow’s Bay е спој на хорор со примеси на комедија чие дејство е сместено во фиктивно островско гратче во Нова Англија, САД.
Островот е населен од суеверни луѓе, а според сè што се случува, се чини дека е проколнат.
Во целиот хаос, градоначалникот бара начин да го подобри туризмот на островот и покрај клетвата.
