10-те најпопуларни и најдобри серии од 2026-та (досега)
Legends
Британската крими-серија на Нетфликс е инспирирана од вистински настан од 1990-тите.
Во период кога шверцот на дрога во Британија ескалира, мал тим цариници оди на опасна мисија.
Со нови идентитети, нивната задача е да се инфилтрираат во некои од најпознатите картели во Британија.
Star City
Уште една научнофантастична серија, овој пат спин-оф од серијата For All Mankind.
Оригиналната серија раскажува алтернативна историја во која вселенската трка никогаш не се случила.
Новата серија го следи истиот наратив во 1960-тите, само што дејството е сместено во Советскиот Сојуз.
Half Man
Новата серија од креаторот на популарната Baby Reindeer е драма која се фокусира на „токсичната мажественост“.
Главните ликови се двајца мажи кои иако не се крвно поврзани, пораснале како браќа.
Кога повторно се среќаваат триесет години подоцна, се случува насилен инцидент, а дејството нè враќа во минатото и ја раскажува нивната приказна.
Maximum Pleasure Guaranteed
Maxixum Pleasure Guaranteed е забавна мрачна комедија за жена чиј живот тргнува во сосема неочекувана насока.
Откако се разведува, таа пробува да си го подобри љубовниот живот додека води битка за старателство со бившиот.
Во меѓувреме се вплеткува во бизарна мрежа откако станува убедена дека сведочела на злодело.
The Testaments
Јасно е дека година не недостасуваат спин-оф и сиквел серии, а таква е и The Testaments, која е како продолжение на The Handmaid’s Tale.
Дејството е сместено во блиска иднина, во дистописка верзија на Америка и се фокусира на новата генерација жени кои растат во опресивното општество.
Иако можете да ја следите серијата и без The Handmaid’s Tale, сепак е подобро прво да ја изгледате оригиналната.
Спирова С. | Црнобело
