10 биографски филмови што мора да ги изгледате барем еднаш

The King's Speech е одличен и забавен филм што ги прикажува проблемите со пелтечење на кралот Џорџ, таткото на Елизабета Втора, во периодот кога седнува на тронот. 

10-biografski-filmovi-shto-mora-da-gi-izgledate-barem-ednash-01.jpg

Иако некогаш биографските филмови ја искривуваат вистината, сепак ни го будат интересот за одредена личност која се истакнала над другите со своите подвизи и живот.

Неретко можеме и да научиме нешто од овие филмови и целосно да си ја промениме перспективата за некои работи.

До денес се направени бројни биографски филмови инспирирани од животите на навистина големи луѓе чии приказни вреди да бидат раскажани. Па, може да биде тешко да се издвојат неколку најдобри.

Во продолжение мал дел од најдобрите биографски филмови кои вреди да се изгледаат барем еднаш:

Frida (2002)

Одличен биографски филм што ја раскажува животната приказна на познатата уметница Фрида Кало. Дејството ги опфаќа најважните настани од животот на Фрида, а во главната улога ја гледаме единствената Салма Хајек.

На 18-годишна возраст, Фрида добива тешки повреди во сообраќајна несреќа кои ќе ја прогонуваат целиот живот.

Додека е „врзана“ за кревет, Фрида почнува да слика и со текот на времето се претвора во врвната артистка што ни е позната на сите.

Coco Before Chanel (2009)

Одри Тату е совршена за улогата на Коко Шанел во биографскиот филм за познатата дизајнерка.

Во филмот ги гледаме почетоците на Коко, неколку години откако го напуштила сиропиталиштето каде што ја оставил татко ѝ. А, потоа и нејзиниот подем во светот на модата, како и детали од нејзиниот љубовен живот.

The King’s Speech (2010)

Со Колин Фирт и Хелена Бонам Картер во главните улоги, јасно е дека ова е предобар филм.

Филмот е инспириран од приказната на британскиот крал Џорџ, таткото на сегашната кралица Елизабета.

Во периодот кога станува крал, Џорџ има проблеми со пелтечење и не може да одржи ни еден говор, па оди на терапија за да го надмине овој проблем.

Филмот го прикажува кралот Џорџ како најобичен човек кој само се обидува да се справи со неговата несигурност.

Erin Brockovich (2000)

Џулија Робертс ја глуми Ерин Брокович – невработена самохрана мајка која сама успева да уништи енергетска компанија во Калифорнија бидејќи ја загадува околината.

Поради нејзиниот изглед, никој не ја сфаќа сериозно, но Ерин не се откажува и станува дел од една од најголемите тужби против милијардерска компанија во САД.

Она што го први филмот уште подобар е тоа што како сите наслови на листата, и овој е направен според висинска приказна.

Julie & Julia (2009)

Овој филм е совршен за деновите кога се чувствувате лошо, а дефинитивно ќе ви се допадне ако сте љубител на готвењето.

Главните ликови се познатата готвачка Џулија Чајлд и млада надежна готвачка Џули Пауел.

Филмот паралелно ги следи почетоците на готвачката кариера на Чајлд во минатото и обидите на Џули во сегашноста да стане врвна готвачка.

Филмот е инспириран од истоимената книга напишана од Џули Пауел, а главните улоги им припаѓаат на Мерил Стрип и Ејми Адамс. 

Уште пет филмови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава