10 биографски филмови што мора да ги изгледате барем еднаш

Green Book (2018)

Топла приказна за неочекувано пријателство помеѓу пијанист Афроамериканец и Италијанец сместена во 1960-тите – период кога расизмот бил особено изразен во САД.

Италијанецот работи како возач и треба да го носи пијанистот на турнеја, но не е воопшто среќен што мора да работи за Афроамериканец. Сепак, за време на патувањето, и покрај сите разлики, тие се спријателуваат.

Главните улоги им припаѓаат на Виго Мортенсен и Махершала Али.

Molly’s Game (2017)

Вистинската Моли Блум дефинитивно имала живот како на филм.

Моли, која е поранешен олимписки скијач, почнува да ја води најекслузивната покер игра во САД каде што присуствуваат најбогатите и најмоќните луѓе, вклучувајќи и неколку познати личности. Постојат шпекулации дека Леонардо ди Каприо и Тоби Мегваер присуствувале на нејзините игри.

Нормално, сето ова е нелегално, па набрзо Моли го привлекува вниманието на ФБИ.

Во улога на Моли ја гледаме талентираната Џесика Честејн.

A Beautiful Mind (2001)

Филмот е инспириран од животната приказна на Џон Неш, брилијантен математичар и нобеловец кој има проблеми со асоцијалност.

Уште на почетокот од кариерата Џон постигнува многу и соработува со владата како криптограф.

Но, сето ова го прави параноичен и почнуваат да му се јавуваат сериозни проблеми со менталното здравје.

Dallas Buyers Club (2013)

Овде ќе ја видите можеби најдобрата изведба од кариерата на Џаред Лето, а покрај него се појавува и Метју Меконахи.

Дејството на филмот е сместено во 1980-тите во Далас, САД, а главните ликови се Рон и трансвеститот Рајон кои имаат СИДА.

Целта на Рон е да им помогне на другите лица кои ја имаат болеста да ја добијат потребната терапија, притоа прекршувајќи го законот.

Во меѓувреме, тој се зближува со Рајон и покрај тоа што е расист и хомофоб.

Неверојатна приказна која покажува дека сите луѓе можат да ги надминат разликите штом имаат заедничка поголема цел.

Tracks (2013)

Инспирација за одличниот филм е приказната на младата Австралијка Робин која во 1977 година тргнува на авантура. Целта на Робин е да ја помине пустината во Западна Австралија, односно пеш да изоди 2.700 километри и да стигне до океанот.

Друштво ѝ прават само нејзиното куче и четири камили, а храбрата девојка се одлучила на овој подвиг само за да стигне до океанот и да се пронајде себеси.

Неверојатна вистинска приказна која ќе ве натера да ја почнете потрагата по себе.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава