Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлични филмови и серии на Нетфликс со Киванч Татлитуг – еден од најплатените турски актери

Киванч Татлитуг е многу познат турски актер, кој исто така е модел и поранешен кошаркар. 

mozhebi-ne-e-sultan-no-e-najplateniot-turski-akter-odlichni-filmovi-i-serii-na-netfliks-so-kivanch-tatlitug-01.png

Киванч Татлитуг е еден од најплатените актери во Турција и има освоено многу награди. Несомнено, тој е премногу згоден за да престанеме да го гледаме, па затоа еве неколку филмови и серии во кој тој има одлични улоги, а можете да ги гледате на Нетфликс.

The Festival of Troubadours (Asiklar Bayrami)

Неочекувана средба ќе ги спои патувачкиот музичар и неговиот син, но ќе отвори стари рани додека тие тргнуваат на долго патување за да учествуваат на фестивал на трубадури. Каква е улогата на Киванч Татлитуг? Ве уверуваме дека ќе ви се допадне!

The Butterfly's Dream (Kelebegin Rüyasi)

Во еден мал турски град, двајца млади поети кои страдаат од туберкулоза се обидуваат да преживеат додека ги објавуваат своите песни. Така и двајцата се заљубуваат во истата девојка, па ова го носи нивниот живот многу поразличен правец.

Money Trap (Organize Isler 2: Sazan Sarmali)

Кога неговата ќерка и зет ќе станат плен на измама, измамникот од Истанбул наречен Асим Нојан влегува во подземниот свет на коцкањето каде што многу работи ќе се случат, но сепак, ќе ве оставиме сами да откриете како продолжува приказната.

Yakamoz S-245

Откако страшна катастрофа ќе ја погоди Земјата, морски биолог (односно згодниот Киванч) на истражувачка мисија на подморница мора да се бори да преживее со екипажот, бидејќи заговорот излегува на виделина.

Kuzey Güney

Кузеј и Ѓунеј се браќа, но не можат да бидат поразлични, и по карактер и во нивната перцепција. Додека постариот брат се труди на училиште и е доброто момче од соседството, неговиот помлад брат не е ништо како него. Кој од двајцата браќа го глуми Киванч Татлитуг? Што мислите?

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg