8 романтични комедии што ќе ве разнежат и ќе ви ја вратат вербата во љубовта

Crazy, Stupid, Love

Филмот снимен според вистинска приказна важи за една од најубавите романтични комедии на 21-иот вк.

Средовечниот Кал не може да поднесе дека неговата сопруга има афера и бара развод. Но, кога Кал ќе го запознае Џејкоб во бар, бара од него да го научи како да „брка жени“.

Работите тргнуваат по надолна линија кога Џејкоб, без да знае, ќе почне врска со Хана, ќерката на Кал.

How to Lose a Guy in 10 Days

Метју Меконахи секогаш ќе биде крал на романтичните комедии од раните 2000-ти.

Хитот How to Lose a Guy in 10 Days и денес е смешен, забавен и има реплики што и сега се цитираат.

Бенџамин Бери е директор за рекламирање и шармер кој се обложува дека може да ja натера секоја жена да се заљуби во него за 10 дена.

Жената која е избрана за негова мета е новинарка која пишува напис на тема „Како да изгубите момче за 10 дена“. Па, еден од нив се обидува да ја привлече девојката, а другиот да го изгуби момчето.

Love, Actually

Иако нема канал што барем еднаш не го емитувал овој филм пред Нова година, приказната за љубовта и неверството, дополнета со многу празнична музика, некако не здосадува.

Помага и тоа што во филмот глумат Хју Грант, Алан Рикман, Ема Томпсон, Колин Фирт, Кира Најтли, Лиам Нисон и други.

Miss Congeniality

Иако во филмот нема многу романса, приказната за ФБИ-агентката Грејси Харт, која оди на тајна задача на изборот за Мис Америка, со години е меѓу омилените на љубителите на романтичните комедии.

А, сите ја памтат и нејзината изјава: „Мислиш дека сум прекрасна… Сакаш да ме бакнеш… Сакаш да ме прегрнеш… Сакаш да ме сакаш… Сакаш да ме гушнеш…“.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате Troy, The Batman, Dances with Wolves – ова се филмови кои траат речиси три часа,...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...

Најчитани неделава