Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 романтични комедии што ќе ве разнежат и ќе ви ја вратат вербата во љубовта

Crazy Stupid Love важи за една од најубавите, но и најзабавните романтични комедии на 21-ви век – Кои други филмови од овој жанр ќе ве разнежат?

8-romantichni-komedii-shto-kje-ve-raznezhat-i-kje-posakate-pak-da-se-zaljubite-01.jpg

Романтичните комедии никогаш нема да излезат од мода. Без оглед дали ќе ве насмеат или расплачат, на крајот најверојатно ќе ве разнежат до толку што ќе посакате пак да се заљубите.

А, ако сте ги пропуштиле, ви препорачуваме осум романтични комедии што мора да ги погледнете што поскоро, сами, во друштво или со партнерот:

13 Going On 30

По трауматичната тинејџерска роденденска забава, Џена посакува да биде 30-годишна и успешна жена која знае да флертува.

Благодарение на волшебната прашина за желби што ја добива од нејзиниот најдобар пријател Мет, таа оди во иднината каде што наместо 13, има 30 години и успешна кариера. И, тогаш сфаќа дека сепак сака да се врати назад.

My Big Fat Greek Wedding

До 2016 година, овој филм беше романтична комедија со најголема заработка на сите времиња во САД.

Приказната ја следи Тула која одлучува дека сака да се одвои од своето напорно грчко семејство и да стекне независност.

Но, кога ќе се заљуби во Американец и почнува да спрема свадба, почнуваат комичните ситуации во двете семејства.

Before Sunrise

Првиот од трите филма од овој серијал, Before Sunrise, раскажува донкихотска љубовна приказна за Американецот Џеси и Французинката Селин, кои делат една ноќ заедно во Виена и се договараат да се сретнат на истото место за шест месеци.

Вториот дел од филмот, Before Sunset, дава одговори на сите неодговорени прашања од првиот филм, додека во третото продолжение, Before Midnight, парот се потсетува на минатото.

Crazy Rich Asians

Учителката Рејчел Чу оди на патување во Сингапур со своето момче Ник, без да знае дека тој потекнува од едно од најбогатите семејства во земјата.

Рејчел се бори за својата љубов против мајката на Ник, бидејќи таа не сака нејзиниот единствен син да се ожени за ќерка на имигрантка.

Филмот освен со раскошни сцени, изобилува и со многу комични ситуации.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најконтроверзни филмови од 1990-тите кои треба да ги изгледате Иако е цртан филм, Aladdin се соочи со многу критики поради погрешно прикажување...
10 филмови со неочекувани пресврти за кои ќе размислувате со денови Knives Out, Arrival и The Usual Suspects се само дел од филмовите чии пресврти ч...
Рис Витерспун ги задржала сите аутфити, се породила пред снимање - 8 тајни за „Легално Русокоса“ Колку пати и да сме го изгледале филмот, немаме проблем одново да ја гледаме наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg