3 интересни книги за на плажа, што ќе ги прочитате во еден здив

Додека се криете од сонцето под сенката на чадорот за сончање, прочитајте една од овие три книги - приказните се напишани со толкава умешност, што нема да сакате да ги оставите додека не ја прочитате и последната страница.

3-interesni-knigi-za-na-plazha-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-01.jpg

Одењето на плажа, само по себе како да „повикува“ да си понесете книга.

И додека се криете од сонцето, под сенката на чадорот за сончање, почнувате да читате неколку интересни страници или приказни раскажани со толкава умешност, што нема да сакате да ја оставите книгата до последната страница.

А токму такви се следниве три книги - толку забавни што ќе ве тераат да ги прочитате во еден здив.

Па ако сè уште не знаете што ќе понесете со вас на плажа, ова е изборот што ви го нудиме:

„Мојот драг маж“ - Кимберли Бел

Џејд и Кам Ласки се среќен брачен пар. Имаат две прекрасни деца, простран дом и бизнис со ресторани што напредува со голема брзина.

Но, нивниот свет се превртува наопаку маскиран провалник во влегува во нивниот дом и почнува да ги уценува.

И додека Кам се бори да ги собере парите, Џејд почнува да се прашува дали се толку финансиски стабилни како што налага нивниот начин на живот и кои други тајни ги крие од неа нејзиниот сопруг.

Кам е добар татко, славен готвач и сакан сопруг, но постои тајна што тој ја крие од Џејд, а поради тоа го става целото семејство во опасност.

Без Кам и Џејд да знаат, провалникот ги гледа и се подготвува да ги претвори нивните семејни тајни во јавен скандал.

3-interesni-knigi-za-na-plazha-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-02.jpg

„Сестри на сончогледите“, Марта Хол Кели

Преку бестселерот „Јоргованот секогаш цвета по зимата“, Марта Хол Кели на своите читатели им ја претстави Каролин Феридеј.

Сега, во романот „Сестри на сончогледите“, таа ја раскажува приказната на предокот на Каролин, Џорџијана Вулзи, медицинска сестра на Унијата, во текот на Граѓанската војна.

Таа поради работата ја запознава Џема, млада робинка продадена па регрутирана во армијата, но и Ен-Меј Вилсон, сопственичка на плантажа на југот на земјата, чиј сопруг се пријавува да се бори во војната.

Џорџијана не е создадена за свет на раскошни забави и воздржани ставови на жените.

Па кога војната ќе го потпали народот, таа почнува да ја следи својата страст за медицината и станува болничарка во време кога докторите ги сметале жените на фронтот за неволја, а не некој што ќе им е од помош.

Сакајќи да им покаже на мажите дека не се во право, таа и сестра ѝ Елза тргнуваат од Њујорк во Вашингтон и Гетисбург, па стануваат сведоци на невидени злосторства на ропството.

Книгата „Сестри на сончогледите“ е инспирирана од вистински настани, а во неа е даден живописен и детален преглед на искуството од Граѓанската војна, од варварските и нехумани плантажи, па сè до злосторствата на бојното поле и опустошениот Њујорк.

3-interesni-knigi-za-na-plazha-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-04.jpg

„Кројачот“, Јелена Бачиќ Алампиќ

Во срцето на Белград, во време кога светот го губи разумот, еден кројач крои нешто повеќе од костуми - тој крои судбини.

Јакоб, млад наследник на прочуена кројачка лоза, е принуден да си ги смени името и идентитетот за да го преживее пеколот на Втората светска војна.

Кога татко му ќе го одведат во логор, тој и мајка му наоѓаат засолниште кај стариот семеен пријател, мајстор Воја Јовановиќ.

Преку иглата и тајните зашиени во ткаенината, Јакоб учи да преживее во светот во кој сè се менува, но едно останува исто - верноста кон семејството.

Кога во нивниот живот ќе се појави Олгица, сираче спасено од логор, мајката на Јакоб ќе ѝ даде љубов и заштита, несвесна дека еден ден ќе мора да ја пушти да си оди.

„Кројачот“ е приказна за љубовта, храброста и човечноста во најмрачните времиња - роман за оние што го кроеле животот, пркосејќи ѝ на смртта, за тајните што останале чувани во шевовите на костумите, и за нивната судбина.

3-interesni-knigi-za-na-plazha-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg