Автори и книги кои ќе ве насмеат до солзи

Книгите ни го подобруваат расположението многу повеќе од интернетот или телевизијата. Иако денес луѓето се помалку читаат, се надеваме дека после овој текст ќе земете некоја од овие книги во раце и ќе се сложите со нас.

avtori-knigi-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-01.jpg

Книгите на овие автори навистина можат да ве насмеат:

Тери Прачет

Еден од најсмешните писатели на денешницата, неодамна починатиот Тери Прачет бил хумористичен виртуоз. Неговите книги се најзабавните и најчудните нешта што некогаш ќе го прочитате.

Изберете било која од неговите книги, кои најчесто се поделени во неколку епизоди. Нашиот совете, доколку знаете англиски, бидејќи не постои македонски превод на ова дело, да ја прочитате книгата „Good omens“, која е соработка на Прачет и Нил Гејман.

Сите дела на Прачет се одлични, па, доколку сте фан на фантастика, Прачет е идеален избор за вас.

avtori-knigi-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-1.jpg


Даглас Адамс

„Автостоперски водич низ галаксијата" е една од најчитаните и најпопуларните научно-фантастични комедии.

Освен книгата, постои и екранизација, но наша препорака е прво да ја прочитате книгата.

avtori-knigi-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-2.jpg


Бранислав Нушиќ

Од соседната Србија ни доаѓа уште еден одличен комедиограф, Бранислав Нушиќ.

Неговото дело „Автобиографија" е смешен поглед на животот на едно момче. Од неговата прва љубов до смешните описи на училишните искуства и наставниците. Оваа книга ќе ве врати во детството.

avtori-knigi-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-3.jpg


Алан Форд

Дело на италијанскиот мајстор Макс Бункер. Овие стрипови во поранешната Југославија биле многу популарни.

Речиси да не постои лице кое нема прочитано барем една приказна за легендарната група ТНТ. Доколку не сте еден од нив, нашата препорака е веднаш да најдете некое издание од овој стрип и да уживате во овој  безвременски хумор.

avtori-knigi-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi-4.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Охрабрувачки книги од македонски родители, напишани за нивните деца со попреченост Таткото на Марко Пејчиновски, пливачот кој има ретка болест - некроза на ногата;...
Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски Утре (среда, 25 март) во бистрото „Комедија“ во Скопје ќе се одржи промоција на ...
3 книги од македонски автори, кои како да се светски бестселери - ќе сакате да ги прочитате веднаш Ако сакате да прочитате нешто убаво, возбудливо и во стилот на светските бестсел...

Најчитани неделава