6 причини зошто треба да читате поезија

Ако не сте во средно училиште или не полагате испит, веројатно не читате често поезија. Можеби мислите дека поезијата не е за вас, бидејќи изгледа здодевно, патетично или бесмислено. 

Sest-pricini-zosto-treba-da-citate-poezija

Сепак, постојат многу причини поради кои би требале да читате поезија, а ова се шест причини веднаш да почнете со читање:

1. Не ви е потребно многу време за читање

Можете лесно да прочитате кратка песна, или повеќе кратки песни. За време на пауза, додека чекате ред во банка или додека јадете сендвич. Ако немате навика да читате романи обидете се да читате поезија.


2. Поезијата го подобрува вашиот вокабулар

Еден од најдобрите причини да читате поезија е што ова е одличен начин да го подобрите вашиот вокабулар. Ако вашиот вообичаен материјал за читање се состои од списанија, весници и блогови, веројатно нема да бидете во можност да научите нови зборови.


3. Поезијата ви дава нови идеи

Како и секоја книга, поезија може да го отвори вашиот ум за нови идеи. Можете да прочитате поема од сосема поинаква култура, напишана од некој постар или многу помлад од вас. Една песна може да ви даде увид во проблемот со кој се соочувате. Песните користат симболика која може да ви помогне да станете повеќе свесни за себе и за светот околу вас.


4. Поезија ви го покажува светот во ново светло

Една од задачите кои добар поет се обидува да ги постигне е да ви го покаже светот од поинакви аспекти, односно во ново светло. Тие можат да ви дадат поинакво гледање и разбирање на одредена фраза или слика на која ќе гледате на сосема нов и поинаков начин.


5. Поезијата ве тера да мислите

Ако мислите дека одредена песна е тешка, тоа не треба да ве исплаши. Со читање на комплицирани работи вашиот ум и ве принудува да размислувате. Дури и кога читате песни кои не ви се допаѓаат можете да дознаете што е тоа што го мразите во нив.


6. Поезијата е забавна

Треба да уживате во читање поезија, бидејќи одредени песни можат да бидат многу смешни и забавни.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Романи од турскиот книжевен мајстор Ахмет Умит, што мора да ги прочитате оваа есен Мајсторот на детективските романи од Турција, Ахмет Умит, воодушевува со лесноти...
Младата писателка Драгана Рајкова ја издаде својата 3-та книга – „Јети во сон“ Драгана има само 12 години, а досега има веќе објавено 3 книги - две стихозбирки...
Александра од Скопје обожава книги од македонски автори, во библиотеката има 600 дела - Кои 5 ѝ се о... „Пасија ми се и книгите и филмовите. А со трендот во последно време, речиси секо...
Нашата писателка Сандра Малетски има 300 книги: „Првите романси ги наоѓав во библиотеката на мајка м... „Ги имам прочитано моите романи и по издавањето. Многу е интересно чувството ког...
Ана од Тетово: „Имам домашна библиотека со над 800 книги - кои три ми се омилени?“ „Она што почна со една полица стари лектири, сега е домашна библиотека со над 80...
Виолета од Штип има библиотека со 300 книги: „Читам од средно, обожавам да разговарам со македонски ... „Вртењето страници, чувството да одолееш да не видиш што ќе се случи со некој ли...

Најчитани неделава