Младата писателка Драгана Рајкова ја издаде својата 3-та книга – „Јети во сон“

Драгана има само 12 години, а досега има веќе објавено 3 книги - две стихозбирки и еден роман. Нејзино најново дело е романот за деца „Јети во сон“.

mladata-pisatelka-dragana-rajkova-ja-izdade-svojata-3-ta-kniga-jeti-vo-son01.jpg

Младата писателка Драгана Рајкова има нова книга, нејзин прв роман за деца, насловен „Јети во сон“.

Веќе имаше една промоција во Штип во библиотеката „Гоце Делчев“, а утре има во родниот град Валандово.

mladata-pisatelka-dragana-rajkova-ja-izdade-svojata-3-ta-kniga-jeti-vo-son-04.JPG

Ова е прв роман на Драгана, со силна порака за сите деца, но и за возрасните, за оние кои веруваат дека соништата постојат за да бидат реалност, за оние коишто сонуваат и со отворени очи, за оние коишто знаат дека најубавите и најважните работи се гледаат преку срцето полно со добрина…

mladata-pisatelka-dragana-rajkova-ja-izdade-svojata-3-ta-kniga-jeti-vo-son-03.JPG

За децата коишто растат и за оние што никогаш не пораснале и во душите останале деца… Едно необично патување низ стапките во снегот. Зимска приказна што ја топли душата.

mladata-pisatelka-dragana-rajkova-ja-izdade-svojata-3-ta-kniga-jeti-vo-son-02.JPG

Чуда се случуваат само ако веруваме и вистински сакаме да се случат.

Драгана има само 12 години а досега има веќе објавено 3 книги, две стихозбирки и еден роман.

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg