Ана од Тетово: „Имам домашна библиотека со над 800 книги - кои три ми се омилени?“

„Она што почна со една полица стари лектири, сега е домашна библиотека со над 800 книги од сите жанрови: од медицински учебници, преку класици, трилери, па сè до нови бестселери“, вели Ана, која за нашите читатели ги препорача своите омилени книги.

ana-od-tetovo-imam-domashna-biblioteka-so-nad-800-knigi-koi-tri-mi-se-omileni-01.jpg

Ана Маркоска (23) од Тетово е студент на Филолошкиот факултет.

Таа обожава да чита, па она што почнало како страст кон пишаниот збор, денес е многу повеќе.

Ана има домашна библиотека со над 800 книги од различни жанрови, но и профил на Инстаграм, _bookedbybooks, каде дава свои препораки, искрени мислења и разговара за книги со своите следбеници.

ana-od-tetovo-imam-domashna-biblioteka-so-nad-800-knigi-koi-tri-mi-se-omileni-08.jpg

„Отсекогаш паметам дека сум ја сакала книжевноста и со вистинско задоволство сум ги читала лектирите кои ни биле зададени на училиште, понекогаш дури и повеќе од потребното.

Кога растеш опкружен со луѓе што читаат, некако природно е и ти да го засакаш пишаниот збор.

Прво позајмував книги од библиотека, од пријателки и од братучетка ми, а по карантинот, сосема спонтано, почнав и самата да купувам.

Она што почна со една полица стари лектири, сега е домашна библиотека со над 800 книги од сите жанрови: од медицински учебници, преку класици, трилери, па сè до нови бестселери.

Немам строга бројка на книги што морам да ги прочитам секој месец. Едноставно читам затоа што го обожавам пишаниот збор.

И да, ме радуваат малите нешта, како испраќање рачно напишани честитки на пријателите“, вели Ана за CRNOBELO.com.

ana-od-tetovo-imam-domashna-biblioteka-so-nad-800-knigi-koi-tri-mi-se-omileni-05.jpg

На прашањето која е книгата што ѝ ја разбудила љубовта кон трилерите и мистериите, без размислување одговара дека тоа е ‘Загубениот симбол’ од Ден Браун.

Тоа е и првата книга што Ана ја препорачува, заедно со уште две нејзини омилени книги.

Ова се нејзините препораки:

’Загубениот симбол’ ја читав заедно со две школски пријателки во средно. Тоа е трет дел од серијалот за симбологот Роберт Лангдон.

Овој пат дејството се одвива во Вашингтон, каде Лангдон е поканет од својот пријател и истакнат масон, Питер Соломон, да одржи предавање во Капитол.

Но, по пристигнувањето, во Ротундата се појавува човечка рака со пет симболи, античка покана за загубениот свет.

По киднапирањето на Питер, Лангдон сфаќа дека мора да ја прифати оваа покана и да ги реши сите загатки, без разлика на ризикот.

За сите љубители на мистерии и трилери поврзани со масони, тајни, историја, наука и симболи, топло ја препорачувам“.

ana-od-tetovo-imam-domashna-biblioteka-so-nad-800-knigi-koi-tri-mi-se-omileni-05_2.jpg

The Truth About the Harry Quebert Affair за жал сè уште не е преведена кај нас, но може да се најде на англиски или во електронска верзија.

Станува збор за возбудлива приказна за младиот писател Маркус Голдман, кој се обидува да го спаси угледот на својот ментор Хари Квеберт, кој е обвинет за убиство на тинејџерка од пред неколку децении.

Приказната се движи низ неколку временски линии, од сегашноста, до студентските денови на Маркус, па сè до времето кога Хари ја запознава Нола.

Испреплетена, слоевита и полна со пресврти, оваа книга држи во неизвесност до последната страница.

ana-od-tetovo-imam-domashna-biblioteka-so-nad-800-knigi-koi-tri-mi-se-omileni-03.jpg

И за крај, би ја препорачала ‘Тајната колиба на плажата’ од Сара Џио, историска романса што совршено се вклопува во летниот период.

Дејството се одвива во 1942 година на островот Бора-Бора, каде младата Ен Келовеј го запознава мистериозниот војник Вестри.

Заедно создаваат свој таен свет во една напуштена колиба, далеку од сите.

Но кога стануваат сведоци на убиство, сè се менува, а Вестри е преместен.

Емотивна, носталгична и длабока приказна за љубовта, загубата и надежта“.

ana-od-tetovo-imam-domashna-biblioteka-so-nad-800-knigi-koi-tri-mi-se-omileni-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава