5 книги од Херман Хесе кои ќе ви го променат животот

„Смелите и карактерни луѓе им се секогаш непријатни на другите“, изјавил германскиот писател Херман Хесе во една прилика.

5-knigi-od-herman-hese-koi-ke-vi-go-promenat-zivotot.jpg

Ретко кој автор бил толку многу поткован со знаења од областа на психоанализата, будизмот, теологијата и хинду митологијата. Можеби затоа неговите дела се ненадминати и се жигосани со личен „хесовски“ печат низ страниците.

Хесе го посветил целиот свој живот со цел да се спознае себеси, но и да го натера читателот вистински да се пронајде во светот во кој суштествува.

Освен романсиер, Хесе бил и поет и надарен сликар. Добитник на Нобелова награда за литература во 1946 година, Херман Хесе години подоцна не престанува да го зачудува светот со неговиот стил на пишување и вештината длабоко да проникне во човековата душа, како ретко кој друг автор.

Ова се неговите 5 најуспешни дела кои ќе направат вистинска разлика во вашиот живот:

СИДАРТА

Ремек-делото на Хесе на едноставен начин покажува како е да бидете свои и да ги следите соништата и инстинктот.

Сидарта ќе го има целиот свет на дланка – углед, богатство, знаење и бескрајни можности, сè додека нешто во него не се скрши и не реши да остави сè позади себе, вртејќи целосно ново животно поглавје.

Ова е вистинска инспирација за сите кои се наоѓаат на крстопат во животот и им недостига малку храброст и решителност за пресврт и промени, како и пронаоѓање на смислата на постоењето.

НАРЦИС И ЗЛАТОУСТ

Приказна за учителот и ученикот, за два спротивставени света, кои поинаку ја гледаат и доживуваат природата на нештата околу себе. Но, тоа не значи дека две сосема различни личности не може да бидат најдобри пријатели.

Приказна која нè учи дека разликите не само што нè зближуваат, туку се потребни и пожелни, бидејќи нè обликуваат во подобри и посреќни луѓе, со проширени хоризонти и бесценето богатство кое не се купува со пари.

ДЕМИЈАН

Синклер е збунето момче во најранливите години, оние во кои се оформува една личност во зрела самостојна индивидуа и се остава детството зад себе. Но, патот до себеспознавањето е трнлив со безбројни искушенија; одлуките се тешки и оставаат последици. Сепак, сето она кое длабоко тлее во нас е неизбежно да се проживее.

А, резултатот од судирот на внатрешните борби и демони, прашањето дали доброто може да го надвладее злото, одговорот на сите универзални морални човечки вистини, лежи токму во страниците на ова неповторливо книжевно дело.

СТЕПСКИОТ ВОЛК

Оваа мала новела се чита со неверојатна брзина. Проткаена со интересен хумор, степскиот волк е метафора за главниот лик, кој се чувствува отуѓен од целиот конформизам во кој припаѓа. Самиот Хесе по издавањето на новелата истакнал дека делото можеби делува неразбирливо, но изјавата не го спречила да ја добие Нобеловата награда токму за оваа книга.

Што правите кога се чувствувате растргнати помеѓу лагодниот живот и оној кој потајно го посакувате, но е лишен од удобностите? Неминовно ќе ги забележите автобиографските елементи од животот на Хесе вметнати во содржината. А кое дело е подобро, од она засновано на вистина?

СРЕЌЕН Е ОНОЈ ШТО УМЕЕ ДА САКА

Ова е можеби најоптимистичната книга на Хесе, иако не сите приказни имаат среќен крај. Но според Хесе, само таа љубов – е вистинска љубов. „Среќен е оној што умее да сака“ претставува збирка од раскази и поеми, а заедничко за сите нив е токму љубовта. Неа авторот ја става на пиедестал, како најважна, егзистенцијална, прва и последна животна станица, непресушна инспирација, но неретко и причина за (само)уништвање.

Може да се прочита цела одеднаш или одредени делови, без никакво брзање, туку со уживање и размислување. Со сигурност ќе се навраќате повторно на страниците.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стојанова: „Печатените книги имаат своја магија, никогаш не сум го сакала читање на екран и додека н... Младата авторка Сања Стојанова од Велес која неделава ја имаше промоцијата на св...
3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
3 книги кои вреди да ги прочитате (и за кои ќе размислувате со денови) Книги наменети за оние на кои книгите им се лек за душата и кои сакаат четива шт...
3 биографски книги што вреди да ги прочитате оваа есен Дали сакате да читате биографски книги? Ако да, тогаш овие три понови изданија с...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg