Загор и Дилан Дог - стрип јунаци кои сè уште постојат

Во време на модерната технологија, стрипот успева да преживее. Иако, главното внимание е свртено кон супер-хероите и новите модернизирани ликови, сепак Загор и Дилан Дог успеваат да опстојат. 

 zagor i dilan dog strip junaci koi sto uste postojat 3

За оние кои не се запознаени со овие култни ликови во продолжение следува кратко објаснување за истите.

Загор

Култниот стрип јунак од 1961 година на сценаристот Серџо Бонели и цртачот Галијено Фери е актуелен и денес. Неговото полно име значи Загор Те-Неј што на индијански јазик значи дух со секира.

zagor i dilan dog strip junaci koi sto uste postojat 1

Приказната е лоцирана во Северна Америка, поточно во пространата шума Дарквуд. Епизодите се едно временско навраќање во период што е многу поразличен од денешниот и благодарение на атлетско градениот Загор и неговиот интересен и дебел помошник Чико, со потекло од Мексико, се соочуваме со голем број на згоди и незгоди што поминуваат двата лика.

Од борба со Индијанци, чудовишта и вештерки до пресметки со натприродни сили и магии. Тоа е светот на Загор, кој и покрај има децениско постоење.  

zagor i dilan dog strip junaci koi sto uste postojat 5

Дилан Дог

Италијанскиот хорор стрип серијал за банкротираниот истражувач на ноќните мори -  Дилан Дог за прв пат се појавува во 1986 година.

Измислен од италијанецот Тицијано Склави, пишувач на стрипови и романсиер, а во почетокот цртан од Клаудио Вила,  како и ред други имиња, меѓу кои и Корадо Рои. Како матичен издавач стои издавачката куќа Серџо Бонели Едиторе.

zagor i dilan dog strip junaci koi sto uste postojat 6

Дилан Дог е фраер кој има свој приватен бизнис, а тој самиот е специјализиран за борба против натприродните сили и злото. Тој е препознатлив по својот стил на облекувања, кој во секоја епизода е ист, како и по неговиот помошник Гручо со кого всушност и живее во еден мал стан во Лондон, каде се одвиваа најголемиот број од дејствието.

Тука може да се додаде и инспекторот Блок, некогашен шеф на Дилан Дог додека работел во Скотланд Јард. Ова е еден интересен лик кој никогаш не верува во случајности, обожава да чита поезија и да слуша класична и хеви-метал музика. Романтичен женкар, кој секогаш останува сам.

Но и покрај сѐ, Дилан Дог е лик чија животна приказна знае да ви го забрза пулсот и да ве остави буден цела ноќ.

zagor i dilan dog strip junaci koi sto uste postojat 4

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
Романи од турскиот книжевен мајстор Ахмет Умит, што мора да ги прочитате оваа есен Мајсторот на детективските романи од Турција, Ахмет Умит, воодушевува со лесноти...
Книги напишани од македонски новинари - три одлични викенд предлози Книга со музички интервјуа, сликовница која можете да им ја прочитате на своите ...
„Ништо случајно“ на Нина Ангеловска Станков промовирана пред преполна публика Пред бројни гости, пријатели, соработници, претставници на бизнис-заедницата и ј...

Најчитани неделава