Книги напишани од македонски новинари - три одлични викенд предлози

Книга со музички интервјуа, сликовница која можете да им ја прочитате на своите деца пред спиење или крими-трилер напишан од спортски новинар - што и да изберете, нема да се покаете.

knigi-napishani-od-makedonski-novinari-tri-odlichni-vikend-predlozi-01.jpg

Македонските новинари, луѓе кои целиот свој живот го посветуваат на зборовите и приказните, без оглед дали се во пишана или снимена форма, се покажаа и како одлични писатели.

Тие многу умешно пишуваат книги, различни по тематика.

Затоа, ви препорачуваме да одберете барем едно од овие три дела - книга со музички интервјуа, сликовница која можете да им ја прочитате на своите деца, или крими-трилер.

Што да прочитате?

„Афера во музејот на пари“, Сашо Кузмановски

Во музејот на пари во Народната банка е свечен ден. По повод десетгодишнината од монетарното осамостојување на Македонија, јавноста има можност да го види историското богатство на земјата.

Во импресивната нумизматичка поставка има и една ретка пара – тетроболот на Ликеј со уникатна иконографија од обете страни.

Сите се возбудени и со гордост зборуваат за овој важен настан. Ништо не најавува дека нешто може да ја наруши идилата.

Но, еден неочекуван телефонски повик навестува невиден скандал. Уникатниот тетробол е, всушност, фалсификат.

Алармот е вклучен! Потрагата по оригиналот почнува...

knigi-napishani-od-makedonski-novinari-tri-odlichni-vikend-predlozi-02.jpg

„Луна и Темнината“, Зорица Николовска

„Луна и Темнината“ е приказна за едно дете кое секоја вечер се соочува со истата мака - стравот од мракот.

Но една ноќ, токму кога најмногу се плаши, во неговата соба се појавува неочекуван гостин кој ќе го поведе на необично патување низ ноќта.

На тоа патување, момчето ќе открие дека темнината не е она што мислел дека е. Дека има работи што може да ги види само ако се осмели да ја погледне одблиску.

И дека понекогаш она што најмногу нè плаши – само чека да го разбереме.

Ова е приказна за храброст, љубопитност и едно големо откритие кое може да му го промени погледот на секое дете кога ќе се исклучи светлото.

knigi-napishani-od-makedonski-novinari-tri-odlichni-vikend-predlozi-03.jpg

Rock n’ Beat, Михајло Грбевски Мишко

Книгата е збир интервјуа од неговата 18-годишна новинарска активност во неколку печатени медиуми, дневни весници и неделници, а преку нив ја прикажува помалку познатата страна на музичките ѕвезди, а не само нивните сценски и дискографски активности.

Книгата содржи 50-тина интервјуа, меѓу кои Армен Сурмејан, Влатко Стефановски, Горан Трајковски, Кирил Џајковски, Петар Младеновски од групата “Суперхикс”, Душан Којиќ - Која, Давор Гобац од “Психомодо Поп”, групата “Лајбах”, Јан Гилан од Deep Purple, Џони Ротен од Sex Pistols, Били Гибонс од ZZ Top и многу други.

Книгата е поделена на четири делови: Рок-пролет (интервјуа со македонски музичари), Вечен бунтовник (интервјуа со светски ѕвезди), Валкан Балкан (интервјуа со балкански музичари) и Звукот на подземјето (интервјуа со македонски андерграунд музичари) кои даваат можност да се забележи и една паралела на ова шарено рокенрол „братство“, нивните сличности, но од друга страна и на големите разлики што се чувствуваат во нивните ментални експресии...

knigi-napishani-od-makedonski-novinari-tri-odlichni-vikend-predlozi-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...
Мелиса од Скопје: „Имам 150 книги, цртам бележници според кориците - кои се моите 3 омилени трилери?... „Нешто што почна како хоби, прерасна во голема љубов и уште поголема домашна биб...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg