Книги, филмови и серии со дистописки тематики

Последниот период темата за дистопија како да зазеде посебно место во интересите на луѓето ширум светот. 

knigi filmovi i serii do distopiski tematiki 2

Еден до главните виновници за тоа е хит филмот Bird Box  со Сандра Булок, кој е снимен по истоимениот роман, напишан од Џош Малермен. Ако сé уште сте подведени од дистописката проблематика и сакате да се внесете во уште некои книги, филмови и серии тогаш следната листа ќе ви помогне во тоа.

Иако многумина од нас веќе се запознаени, сепак дистопискиот роман The Handmaid's Tale  од Маргарет Атвуд е приказна сместена во една тоталитарна христијанска теократија која извршила преврат врз американската влада.

Овој жестоко политички и мрачен роман отвора голем број општествени прашања. Во случај ако одамна ја имате исчитано книгата, која е издадена во 1985 година, тогаш може да си пружите ново задоволство – гледање на истоимената серија на Netflix

knigi filmovi i serii do distopiski tematiki 9

knigi filmovi i serii do distopiski tematiki 6

Олдос Хаксли има напишано одлична книга на оваа тематика. Brave New World  (1932) е приказна сместена во Лондон во 2540 година. Авторот има претставено еден ладен свет исполнет со дрога, организирана репродукција и перење на мозок уште од самото раѓање.

Тука се наметнува и прашањето, ако човекот не чувстува болка, дали навистина може да ја почувствува и радоста? Ова е роман, кој се смета за еден од најдобрите романи на англиски јазик за 20 век.

knigi filmovi i serii do distopiski tematiki 8

A Clockwork Orange  е ремек дело на Ентони Бурџис. Оваа сурова и застрашувачка приказна ја прикажува темната страна на човекот и модерното општество.

Залудно е од друга рака да слушате за деструктивните банди составени од млади луѓе што беснеат низ темните сокаци и претепуваат, силуваат и пљачкосуваат.

Ако сакате да се внесете во дистопискиот свет на Бурџис, каде се отвораат прашањата на моралот и слободната волја, тогаш прочитајте ја книгата, а после тоа дајде си друго задоволство и изгледајте во истоимениот филм во режија на Стенли Кјубрик.  

knigi filmovi i serii do distopiski tematiki 4

knigi filmovi i serii do distopiski tematiki 7

Ако сакате да прочитате роман за едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите домови, отпорни на оган, без да разговараат за она што го чувствуваат, притоа уживајќи само во материјални работи,Fahrenheit 451 од Реј Бредбери ќе ве пренесе во светот каде што луѓето се обземени од своите телевизори, кои не им оставаат простор за размислување, а книгите се прогласени за непријатели и се подложни на горење.

knigi filmovi i serii do distopiski tematiki 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...

Најчитани неделава