Во конкуренција за наградата „Роман на годината“ 36 романи

На годинашниот јубилеен 20-ти конкурс за престижната награда „Роман на годината“ пристигнаа дури 36 романи. Како што соопштуваат од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува оваа награда, жири-комисијата во состав Фросина Пармаковска, минатогодишна лауреатка на ова признание и воедно претседателка на жири-комисијата, Богомил Ѓузел, Сашо Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека освен по обем, годинава романескната продукција се одликува и со несомнен квалитет.

vo-konkurencija-za-nagradata-roman-na-godinata-36-romani-02.jpg

Според правилникот на наградата, Фондацијата ќе го соопшти годинашниот добитник најдоцна до 15 март. Жири-комисијата во овој период ќе направи неколку селекции на романите. Наградата е единствена и неделива и се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка.

Од Фондацијата исто така информираат дека извадоците од романите ќе се објавуваат на сајтот okno.mk, почнувајќи од 1 февруари.

vo-konkurencija-za-nagradata-roman-na-godinata-36-romani-01.jpg

Список на пристигнати дела на конкурсот за „Роман на годината за 2018“

1. „Девици и волци“, Александар Алексов, самостојно издание

2. „Страв од варвари“, Петар Андоновски, „Или-или“

3. „Пеколот од детството“, Атанас Бојаровски, самостојно издание

4. „Втор откос“, Дејан Величковски, „ПНВ Публикации“

5. „Тажна приказна за среќни луѓе“, Андреј Волкашин, „Антолог“

6. „Последното име на иднината“, Живко Грозданоски, „Антолог“

7. „Глобалните ѕвезди на небото“, Јован Дамјановски, „Напредок“ - Тетово

8. „Благослов или проклетство“, Јован Дамјановски, „Меѓународен центар за славјанска просвета“ - Свети Николe

9. „Пинокио и вештерката“, Наташа Димитриевскa, „Или-или“

10. „Карангел Бруснички“, Илко Димитриески, самостојно издание

11. „Разголена душа“, Марта Димитров, „Ѓурѓа“

12. „Златниот часовник што го запре времето“, Константин Дораковски, „Кондор“

13. „Барутни облаци“, Бранислав Ѓорѓевски, „Академски печат“

14. „Суденик“, Гојко Ефтоски, „Фи-Га“ - Тетово

15. „Лидија, или се што знам за жените“, Тихомир Јанчовски, самостојно издание

16. „Заробеник во сопствениот живот“, Катарина Јовчевска,„Академски печат“

17. „Пливање спротиводно“, Ненад Јолдески, „Или-или“

18. „Послушен брод што плови“, Ирена Јорданова, „Или -или“

19. „Земја на бегалци“, Кица Колбе, „Или -или“

20. „Неизгубливи нешта“, Никола Кочовски, „Култура“

21. „Еретички писма“, Стефан Марковски, „Три“

22. „Сага за тројство“, Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“

23. „Меѓу чаршијата и црквата“, Димитар Пандев, „ПНВ Публикации“

24. „Последниот воз за Загреб“, Владимир Попов, „Култура“

25. „Небото над реката Чарлс“, Катерина Серафимовска, „Култура“

26. „Марика и стравот“, Емилија Славковска, „Македоника литера“

27. „Ирис на фортуната“, Цвета Спасикова, „Дата песнопој“- Битола

28. „Утеха за голите“, Давор Стојановски, „Или - или“

29. „Овде или во вечноста“?, Билјана Tинтоска, „Матица македонска“

30. „Души близнаци 11:11“, Весна Здравковска Трајковска, самостојно издание

31. „До дваесеттата“, Добре Тодоровски, „Матица“

32. „Бојана на Тодор“, Божана Тренческа, Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ -Штип

33. „Маџун“, Влада Урошевиќ, „Магор“

34. „Луѓе без минато“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

35. „101 живот“, Весна Мојсова-Чепишевска, Елена Атанасиу, „Матица македонска“

36. „Некој бил тука“, Николина Андова Шопова, „Темплум“

Би можело да ве интересира:

Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со п...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...
3 романтични книги што треба да ги понесете на плажа со себе Некој сака опуштени љубовни приказни, други сакаат мрачни херои, а трети пак, се...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
3 нови романи со моќни хероини, кои нема да ви дадат мир до последна страница Што се случило со убавата маѓепсничка Кирка откако Одисеј го напуштил нејзиниот ...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg