3 романи кои раскажуваат приказни за војна, љубов и пожртвуваност

Приказна за Првата светска војна во Русија, напнат роман за случувањата во Втората светска војна во Лондон и книга чие дејствие се случува во времето на војната во Иран - овие три книги ќе го привлечат вашето внимание.

3-romani-koi-raskazhuvaat-prikazni-za-vojna-ljubov-i-pozhrtvuvanost-01.jpg

За љубителите на историските книги, кои сакаат малку возбуда, мистерија, и сето тоа проткаено со многу емоции и приказни за пожртвуваност и љубов, овие три романи се вистинскиот избор.

Па, ако во моментов не читате ништо, изберете една од нив:

„Тунел“ од Ана Волц

Септември 1940-та - бомбардирањето почнува. Воздушните напади на Лондон траат со месеци.

Секоја вечер, десетици илјади луѓе се засолнуваат во подземјето: спијат на платформи, на ескалатори, до шините. И таму, длабоко под земјата, се запознаваат четворица млади.

Квин има петнаесет години. Таа побегнала од дома со торба полна накит и сака да го смени светот.

Џеј има изгубено сѐ, па навистина нема зошто да му биде гајле за правилата.

Себастијан е постариот брат на Квин, но таа не го спомнува неговото име. За неговото семејство, тој повеќе не постои.

Ела има четиринаесет години и таа е онаа која ја раскажува приказната.

Таа се чувствува невидливо, особено поради болеста во изминатата година. Но тогаш се појавува тунелот.

И приказната почнува...

3-romani-koi-raskazhuvaat-prikazni-za-vojna-ljubov-i-pozhrtvuvanost-02.jpg

„Домашен фронт“ од Кристин Хана

Во овој моќен роман, Кристин Хана ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен и актуелен приказ на еден вљубен и завојуван брачен пар.

Сите бракови имаат точка на пукање. Сите семејства имаат рани. Сите војни имаат своја цена.

Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот - деца, кариери, сметки, домашни обврски, додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа.

Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, ненаикнат да биде единствениот родител на двете ќерки.

Мајката Џолин со тешко срце го напушта семејството, но војничката Џолин отсекогаш го сфаќала вистинското значење на должноста.

Во писмата што ги праќа до семејството слика розова верзија на нејзиниот живот во првите борбени редови, штитејќи ги најблиските од вистината.

Но војната ќе ја промени на начини што никој од нив не можел да ги предвиди. Кога ќе се случи трагедија, Мајкл мора да се соочи со својот најмрачен страв и да води битка со своите уверувања - за најважната работа на неговото семејство.

„Домашен фронт“ е приказна за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта, која ни нуди длабок и искрен поглед на модерниот брак.

3-romani-koi-raskazhuvaat-prikazni-za-vojna-ljubov-i-pozhrtvuvanost-03.jpg

„Татјана и Александар Први: Втората Америка“ од Паулина Сајмонс

Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка.

Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат.

Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.

Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз.

Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.

3-romani-koi-raskazhuvaat-prikazni-za-vojna-ljubov-i-pozhrtvuvanost-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...

Најчитани неделава