Кои се најстрашните негативци во литературата?

Како што на секоја добра приказна и е потребен херој, така на секоја приказна и е потребен и добар негативец. Со оглед на долгата историја на литературата и неверојатен број на дела, тешко е да се избере најдобриот и најнезаборавниот. 

Dali se ova najstrasnite negativci vo literaturata 01

Дали најмногу се сеќаваме на ликовите кои ни се најинтересни или на оние кои претставуваат најголема пречка за херојот за постигнување на целта? Ова е листа на некои од најстрашните негативци во литературата кои, на некој начин, ги сакаме.

Ени Вилкс - Мизери

Овој роман покажува колку обожавањето на нешто или некој лесно може да доведе до лудило и опсесија.

Писателот, кој доживува сериозна несреќа, добива помош од обожавателка која го негува во својот дом. Како што минува времето, тој сфаќа дека неговата негувателка е опседната со неговите романи, односно, неговиот лик наречен Мизери.

За жал, писателот ја убива Мизери во последната книга, но сега е принуден да напише нова верзија, со цел да преживее. Филмската адаптација на романот ѝ донесе Оскар на Кејти Бејтс за главна женска улога.

Dali se ova najstrasnite negativci vo literaturata 02

Патрик Бејтмен - Американски психо

Од првата страница е јасно дека Бејтмен е многу вознемирен човек, бидејќи целиот роман се одвива од негова перспектива.

Тој е сериски убиец кој тешко ги контролира своите болни инстинкти, а на крајот целосно ја губи контролата. Прикажан е како расист, хомофоб, нарцисоиден и ментално вознемирен човек.

На крајот од романот воопшто не сме сигурни дали тој навистина ги извршил сите опишани злосторства или не.

Dali se ova najstrasnite negativci vo literaturata 04

Професор Мориарти - Шерлок Холмс

Како да се пронајде соодветен антагонист за генијалниот детектив за кого не постои премногу тешка загатка? Со измислување на подеднакво брилијантна личност, која го користи својот ум за чиста злоба.

Ликот на професорот Мориарти е легендарен, најголем непријател на Шерлок Холмс.

Dali se ova najstrasnite negativci vo literaturata 05

Саурон - Господарот на прстените

Можеби еден од најпознатите негативи на сите времиња, Саурон, го создаде прстенот за да владее со Средната Земја. Неговата злоба е препознаена и уништена во физичка форма, но тој полека ја собира војската за повторно да го освои прстенот и да доминира над сите.

Она што е можеби најстрашното во врска со Саурон е тоа што тој не се појавува директно во книгата, туку добиваме само информации од приказните на другите ликови за него.

Се чини дека тој секогаш ги гледа, како огромно око, чекајќи го вистинскиот момент за ненадеен напад.

Dali se ova najstrasnite negativci vo literaturata 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Елена од Прилеп: „Книга од Горјан Петрески е ‘виновник’ за мојата зависност од читање - Кои ми се ом... „Речиси секој ден го започнувам на ист начин - со шолја кафе и барем половина ча...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски Утре (среда, 25 март) во бистрото „Комедија“ во Скопје ќе се одржи промоција на ...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...

Најчитани неделава