10 книжевни ремек-дела од извонредни писатели кои вреди да ги прочитате

6. „Хамлет“ - Вилијам Шекспир

Едно од најгенијалните дела на извонредниот Шекспир.

Трагедија за која се верува дека ја напишал во периодот помеѓу 1599 и 1601 година.

Драмата, која се случува во Kралството Данска, раскажува за начинот на кој принцот Хамлет му се одмаздува на чичко му Клавдиј, поради убиството на стариот крал Хамлет (братот на Клавдиј и татко на принцот Хамлет) и наследување на круната, како и поради венчавката со Гертруда (вдовицата на кралот Хамлет и мајка на принцот Хамлет).

Станува збор за живописно отсликување на вистинското и одглуменото лудило, од неизмерна тага до зовриен гнев, и ги истражува темите на предавство, одмазда, инцест и морално пропаѓање.

10-knizhevni-remek-dela-od-izvonredni-pisateli-koi-vredi-da-gi-prochitate 07 630x380.jpg

7. „Ана Каренина“ - Лав Толстој

„Ана Каренина“ е сметана за најдоброто дело на реализмот, а самиот Толстој изјавил дека тоа е неговиот прв „вистински“ роман.

Ана Карерина е хероина која не знае што сака во животот, а пак Толстој е поддржувач на патријахатот и затоа сурово ја казнува „фрлајќи“ ја под возот.

Своевремено, Достоевски го прогласил овој роман за најизвонредното ремек-дело.

10-knizhevni-remek-dela-od-izvonredni-pisateli-koi-vredi-da-gi-prochitate 08 630x380.jpg

8. „Цар Едип“ - Софокле

Трагедија од старогрчкиот писател Софокле.

Врз основа на митот за Едип (Ојдип) и неговата трагична судбина, Софокле ја напишал својата трилогија: „Царот Едип“, „Едип во Колон“ и „Антигона“.

Во веројатно најголемата трагедија на сите времиња, Кралот Едип на Софокле, целата структура на дејствието е исплетена околу проблемот на идентитетот, а започнува со едно злокобно пророштво од Делфи.

Пророштвото е изречено веднаш по раѓањето на Едип и во него се тврди дека еден ден тој ќе го убие татка си и ќе се ожени со мајка си.

10-knizhevni-remek-dela-od-izvonredni-pisateli-koi-vredi-da-gi-prochitate 09 630x380.jpg

9. „Декамерон“ - Џовани Бокачо

„Декамерон“ е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо, најверојатно започната во 1350 година, а завршена во 1353 година.

Тоа е средновековно алегориско дело најпознато по љубовните приказни. „Декамерон“ има антиклерикален карактер, зашто сатирата е насочена кон лажната чистина на свештениците.

Но, освен тоа, ова е дело што носи голема етичка порака, типично хуманистичка каде се велича сè што е човечко.

Според Бокачо, луѓето се еднакви, само се разликуваат по својот карактер и интелигенција.

10-knizhevni-remek-dela-od-izvonredni-pisateli-koi-vredi-da-gi-prochitate 10 630x380.jpg

10. „Бајки“ - Ханс Кристијан Андерсен

И за крај, неминовно е да ги споменеме бајките со кои многумина од нас израснаа. Ханс Кристијан Андерсен е дански книжевник и еден од најголемите писатели на бајки.

Тој проширувал, развил народни мотиви во нив, но и создавал вистинити дела. Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно ги „занесуваат“, како децата така и возрасните.

Ханс комуницира со децата и создава толку впечатливи дела, затоа што пишувајќи самиот тој размислувал како дете.

Некои од неговите познати бајки се: „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малата сирена“.

10-knizhevni-remek-dela-od-izvonredni-pisateli-koi-vredi-da-gi-prochitate 11 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg