„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска

„Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов!“ – вели Дани за својот најнов сингл „Има љубов во нас“ кој го промовираше вчера во АудиоКултура.

ima-ljubov-vo-nas-prviot-singl-od-noviot-album-na-dani-dimitrovska-01.jpg

Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.

Музичкиот спот за „Има љубов во нас” од вчера е достапен на Јутјуб, а аудио записот заедно со англиската верзија се поставени на сите музички платформи.

Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

Весна Малинова: „'Има љубов во нас' е повик и потсетување. Вистината која сјае во сите детски очи, која, како растеме, ја потрупуваме со стравови и ставови... интелектуални анализи и прагматични одговори... Љубовта е свеста и единствената причина што постоиме. Кога се губиме, насока да се пронајдеме. Сите сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов“.

Дани е рок амбасадор на нашата земја веќе 25 години и зад себе има три албуми, бројни награди и признанија, успешни настапи и концерти. Со новиот албум најавува една нова ера во својата кариера, а нејзиниот глас и порака ќе бидат слушнати и надвор од нашите граници.

Би можело да ве интересира:

Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли? 24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот ...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Александра Јанева ранета: „Ни букет од рози не те пере сега“ Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер на јавноста и ја претстави ...
Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про...
Белорусинка пее песна од Тоше Проески: „Љубовта ме донесе во Македонија“ „Се вљубив во песната првиот пат штом ја слушнав. Не знаев многу за пејачот, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg