Дани со нов сингл - Ќе ме сакаш ли?

24.1.2024, Скопје - По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот 4ти студиски албум во најава, со наслов „Ќе ме сакаш ли?“

dani-so-nov-singl-kje-me-sakash-li-01.png

„Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна. Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!“, вели Дани.

„Ќе ме сакаш ли?“ е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов. 

Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.

Музичкиот спот за „Ќе ме сакаш ли” од денес е достапен на Јутјуб, а аудио записот и англската везија се поставени на сите музички платформи. 

Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

Дани Димитровска е една од ретките женски рок артисти во нашата земја, доследна на својот звук веќе 25та година. Очекуваме концертно заокружување на 25ката, а дотогаш ви ги пренесуваме нејзините актуелни музички дејства.

Би можело да ве интересира:

'Move It' – Нов сингл на Brass Brothers Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните ...
Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
„Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С...
Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с...
Промоција за нова песна и видео спот на Дарко Андонов ДААН – “Со кого заспиваш” Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој  го користам како уметничк...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg