"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски јазик, македонска верзија на веќе познатата мелодија "Do you remember", која ја бележиме како нејзино прво авторско издадено дело.

zhivee-spomen-novata-pesna-i-video-zapis-na-tamara-volcheska-03.jpg

Волческа повторно се запишува како текстописец на новата македонска верзија и стои позади режијата на новоосмислениот видео запис. Автор на музиката е повторно нашата пејачка, под менторство на Весна Малинова и воедно нејзиниот постојан ментор за сите проекти. Аранжманот и продукцијата доаѓаат од студиото на Јордан Манов - Devil's eye Studio.

zhivee-spomen-novata-pesna-i-video-zapis-na-tamara-volcheska-02.jpg

Видео записот, како што вели Волческа, е направен само со доза љубов од нејзините најблиски луѓе и добро сценарио кое сама го режираше и истото го реализира. Како режисер на првичниот спот "Do you remember" беше запишан Александар Нешкоски, кој овојпат повторно го запишуваме како човек без кој не би можело истото место за снимање да се овозможи повторно. 

Мотивот и пораката на самиот текст е носење на одговорност за нашите емоции, нашето минато, и наученото од сето тоа - вели Волческа.

zhivee-spomen-novata-pesna-i-video-zapis-na-tamara-volcheska-01.jpg

На прашањето зошто поминаа дури две години за реализирање на македонска верзија, вели дека има напишано повеќе од 10 текстови за оваа песна, но ниту еден од нив не го почувствувала како што го почувствувала последниот и веднаш влегла во студио. 

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава