Македонката Кики Плиш го доби заслужено првото место на Интернационалниот „Top Singer Search”

Македонката од Битола, Христина Јовановска, во јавноста позната како Кики Плиш, со нејзината прва песна  „Something’s Wrong” ја доби првата награда за оригинална песна на вториот Интернационален избор „Top Singer Search”.

makedonkata-kiki-plis-go-dobi-zasluzeno-prvoto-mesto-na-internacionalniot-top-singer-search-01.JPG

Продуцент на песната е Chris Jo Matt, а песната е снимена во домашното  студио на Христина во декември 2021, додека спотот за песната е снимен во јуни 2022,  во предградието на Битола и Кафе барот „Камарите“.

Кики Плиш е активна на музичката сцена веќе три години со континуирани настапи како дел од спектакуларното Кабаре шоу во „Фелиција“, кое се прикажува секој викенд.

-Иако можеби звучи како љубовна песна, всушност се работи за позитивните и негативните аспекти или страни во карактерот на една личност, односно постоењето на два елементи истовремено кои се најчесто спротивни и балансот меѓу истите со кој се добива чувство на прифаќање и слобода“, наведе Плиш за својата песна.

Имено, Кики Плиш по објавувањето на „Something’s Wrong“ соработуваше и со диџејот Erik Fox со кој изготви ремикс на истоимената песна која може да ја чуете на нејзиниот Јутуб канал.

;

Би можело да ве интересира:

Ареа и Young Dadi со нова верзија на хитот „Oчи ангелски“ - 25 години подоцна Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова д...
Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување за публиката - Хитот „Опасно“ по 18 години конечно до... Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја С...
Песната Heavenly на Четкар од 2013 година доби ремикс и повторно го освојува светот (видео) Песната Heavenly, која нашиот џез-музичар Владимир Четкар ја сними во 2013 годин...
Васил Гарванлиев преработи песна од „Битлси“ и доби поддршка од Пол Макартни и Ринго Стар: „Уште ми ... „Бочели го слушна дуетот и имаше многу пофални зборови. CNN направи најава каде ...
Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански ре... Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање у...
Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026 Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2...

Најчитани неделава