Мартија Станојковиќ објави нова песна, слушнете ја „Феномен” (видео)

Познатата и атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ пред неколку дена ги збуни  своите следбеници на социјалните мрежи со неколкуте фотографии кои ги објави. 

martija-stanojkovikj-objavi-nova-pesna-slushnete-ja-fenomen-video-01.JPG

Имено, Мартија позираше со гол грб на кој беа испишани неколку различни реченици, но без да прецизира која е причината за тоа.

Но вчеравечер во 18:00 часот веќе се беше јасно. Мартија на сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов “Феномен” и наиде на бура од позитивни коментари.

Како за песната, така убави коментари се пишуваат и за видеоспотот.

martija-stanojkovikj-objavi-nova-pesna-slushnete-ja-fenomen-video-02.JPG

Инаку, Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.

„Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната” - истакна младата пејачка.

martija-stanojkovikj-objavi-nova-pesna-slushnete-ja-fenomen-video-03.JPG

Како што кажавме, Мартија сними и видеоспот и тоа повторно со истиот тим со кого го работеше спотот снимен во Дубаи за песната “Анатомија”, поточно со режисерот Ризи Рејн (Reezy Rane). 

Она што можеме да го истакнеме дека песната уште во првите два часа од објавата влезе во трендинг на музичката платформа Јутјуб, а во моментов се наоаѓа на 16 позиција со тендеција бројот да се намалува.

martija-stanojkovikj-objavi-nova-pesna-slushnete-ja-fenomen-video04.JPG

Погледнете го спотот за “Феномен”, а доколку ви се допаѓа споделете на вашите социјални мрежи:

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански ре... Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање у...
Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов - „Помисли на мене“ По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонс...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...

Најчитани неделава