„Страв ми беше да држам змија, но кога се смирив - таа почна да позира“: Ивона Јо за снимањето на спотот за песната „Друго“

„Имаше еден момент кога сите си заминаа некаде од сетот, а јас и змијата Жане останавме сами. Тогаш сфатив дека како што се смири моето срцебиење, така се смири и таа. Змијата го следеше мојот страв“ - вели Ивона за CRNOBELO.com.

strav-mi-beshe-da-drzham-zmija-no-koga-se-smiriv-taa-pochna-da-pozira-ivona-jo-za-snimanjeto-na-spotot-za-pesnata-drugo-01.jpg

Пејачката Ивона Јо пред точно една година го објави спотот за нејзината песна „Друго“, па се потсети на моментите од снимањето на видеото.

А таму, освен дружењето со екипата, Ивона се дружеше и со змијата Жане, која на сетот ја донесе Војо Иванов.

viber_image_2025-02-14_13-06-29-243.jpg

За CRNOBELO.com, една година по снимањето, Ивона раскажа какво искуство било да држи змија во рацете и колкав страв имала од средбата со Жане:

„Ги сакам животните и не ги делам, иако постојат животни кои ми предизвикуваат голем страв.

Мора да признаам дека имав страв од змијата, тоа ми беше прво соочување со овој влекач во животот, но, благодарение на Војо, многу брзо се прилагодив на неа.

Кога завршивме со неа, до крајот на снимањето многу ми фалеше нејзиното присуство, бидејќи сцените со неа ги снимавме повеќе од 2 часа.

Во тоа време Жане беше цело време до мене, во моите раце и мислам дека се прилагоди и таа на мене.

viber_image_2025-02-14_13-05-53-852.jpg

Имаше еден момент кога сите си заминаа некаде од сетот, а јас и Жане останавме сами.

Тогаш сфатив дека како што се смири моето срцебиење, така се смири и таа. Змијата го следеше мојот страв.

Додека јас бев испаничена, таа мрдаше, а кога јас се смирив и ја прифатив и таа се смири, па почна да позира.

strav-mi-beshe-da-drzham-zmija-no-koga-se-smiriv-taa-pochna-da-pozira-ivona-jo-za-snimanjeto-na-spotot-za-pesnata-drugo-09.jpg

Од денешен аспект, мора да кажам дека сум пресреќна и ќе згрешев ако не го послушав режисерот Мартин Трајановски да снимаме сцени со змијата.

Ова ми помогна и да се спротивставам и да надминам еден мој страв што го имав“.

viber_image_2025-02-14_13-05-54-549.jpg

Пејачката на својот Инстаграм сподели видео направено од зад сцената и некои интересни моменти од дружењето со целата екипа.

„Денес ‘Друго’ го слави својот прв роденден. Вели: ‘Друго не ми треба друго, само љубов’. Не само денес, секој ден ни треба љубов. Нека патува безгрижно до вашите срца.

Ова видео е мал подарок од целата екипа што работеше вредно на овој проект. Дечки ве сакам, вез вас ‘Друго’ немаше да постои“ - напиша таа.

viber_image_2025-02-14_13-05-54-360.jpg

Погледнете го видеото:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...

Најчитани неделава