Објавена е новата песна „Милост“ на Наталија Данаилова

„Стиховите на мојата нова песна се наменети за да допрат до сите, бидејќи сакам луѓето да почувствуваат емоција и искрено се надевам дека сите слушатели ќе уживаат во неа“, вели Данаилова за својата нова песна. 

objavena-e-novata-pesna-milost-na-pejachkata-natalija-danailova-01.jpg

Пејачката Наталија Данаилова, која е добро позната на македонската јавност по учеството во повеќе талент шоуа, ја објави својата нова песна „Милост“, што нуди сосема нов звук за сите љубители на музиката. 

„Музиката е инспирација, музиката е животна приказна, музиката е многу чувства пренесени во ноти...

Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидејќи сакаме луѓето да почувствуваат емоција и искрено се надевам дека сите слушатели ќе уживаат во неа“, рече Данаилова за својата нова песна. 

objavena-e-novata-pesna-milost-na-pejachkata-natalija-danailova-03.jpg

Таа наведе дека стилот на песната е нов и необичен, а звукот е создаден за долго да остане во меморијата на слушателите. 

Данаилова зад себе има еден албум „Сè за тебе“, а песната „Милост“ ќе биде дел од новиот албум што ќе биде завршен оваа пролет.

objavena-e-novata-pesna-milost-na-pejachkata-natalija-danailova-02.jpg

Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски. Видеото го снимаше Pinestel.

Пејачката досега има земено учество на повеќе македонски фестивали, меѓу кои и „Макфест“ и „Охрид Фест“. 

objavena-e-novata-pesna-milost-na-pejachkata-natalija-danailova-04.jpg

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg