Пајак и Слаткар со „Его“ го растопија интернетот – летото конечно стигна!

Кога Спајдермен и Бетмен ќе си подадат рака, резултатот не е битка, туку – брутален летен хит! Христијан Настески – Пајак и Марко Маринковиќ – Слаткаристика, или како што веќе ги нарекуваат фановите – Spiderman & Batman на македонската сцена, официјално го пуштија во етер новиот сингл „Его“, кој експресно се искачи високо на трендинг листата на YouTube.

pajak-i-slatkar-so-ego-go-rastopija-internetot-letoto-konechno-stigna-01.jpg

Комбинацијата на препознатливите стилови на двајцата артисти, придружена со експлозивна продукција и заразен рефрен, ветува едно – ова е саундтракот на летото 2025.

pajak-i-slatkar-so-ego-go-rastopija-internetot-letoto-konechno-stigna-02.JPG

Музиката ја потпишуваат самите Пајак и Слаткар, додека Таско со својот препознатлив touch се вклучува во текстот, правејќи ја „Его“ вистинска урбана химна. Зад аранжманот, миксот и мастерингот стои мајсторот Иван Јованов – Ивајо, кој уште еднаш докажа зошто е еден од најбараните продуценти во регионот.

pajak-i-slatkar-so-ego-go-rastopija-internetot-letoto-konechno-stigna-03.JPG

Спотот, под режисерска палка на Гордан Божиновски и продукција на Урбан Рекордс, е вистинска визуелна бомба – со гламур, енергија и attitude. Главната женска улога ја игра прекрасната Јелена Џимревска од Куманово, која буквално блеска на екран, опкружена со топ моделите на Макс Моделс. Локацијата? Епскиот Скопје Ивент Центар, каде сè беше под контрола на организаторката Верица Донев – Божиновски.

pajak-i-slatkar-so-ego-go-rastopija-internetot-letoto-konechno-stigna-04.JPG

pajak-i-slatkar-so-ego-go-rastopija-internetot-letoto-konechno-stigna-05.JPG

pajak-i-slatkar-so-ego-go-rastopija-internetot-letoto-konechno-stigna-06.JPG

Пушти ја „Его“ на репит и подготви се – ова лето ќе биде во знакот на урбаните херои на музиката!

📸 Follow Pajak: Фејсбук и Инстаграм

📸 Follow Slatkaristika: Инстаграм

📸 Follow Urban Records: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов - „Помисли на мене“ По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонс...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Колку љубов заслужува љубовта? Сара Мејс и Стефан Николовски во дуел со стереотипите во нов видео за... Доколку сте мислеле дека не постои, Сара Мејс храбро го претставува најновиот ду...

Најчитани неделава