Со песната „Легендата“, Тони Зен го најави новиот албум
„Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2019-та, а другиот, или новиот, ги содржи песните издадени во последниве три години и плус 4 нови неиздадени“, вели Тони Зен.

Со песната „Легендата“, која ја промовираше вчера (22.12), Тони Зен го најави новиот албум кој ќе излезе в година.
Со ова тој ќе одбележи и 21 година на домашната музичка сцена.
„Уствари ќе излезат два албума на плоча, со две стихозбирки. Едниот албум е од 2019-та, а другиот, или новиот, ги содржи песните издадени во последниве три години и плус 4 нови неиздадени. Сето тоа спакувано во „Премиум сет“.
Албумот од 2019-та се вика „Од изворот на изборот“, а новиот албум се вика „Другата страна на изборот“,“ вели Тони.

За песната „Легендата“, која е соработка со Бобо, тој сними и спот, во кој се појавуваат и Игор Стефановски Иџе, Урко и други.