Даниел Данн ја почна годината со нов спот - „Ќе се шекнам“ промовиран на 1 јануари

„Ќе се шекнам“ е новиот сингл на Daniel Dann, со кој артистот ја започнува новата година. Песната е дел од EP изданието „TOP“, објавено под етикетата UP28 Music.

daniel-dann-ja-pochna-godinata-so-nov-spot-kje-se-sheknam-promoviran-na-1-januari-01.jpg

Автор и продуцент на песната е Александар Ристовски – Принц, кој со својата поддршка и креативна соработка придонесе Daniel Dann повторно активно да се врати на музичкото творештво и да започне со реализација на нови проекти.

Видеото е реализирано во продукција на Hit Maker, кои воедно му ја доделија и наградата за машки артист на годината.

Во спотот учествуваат истакнати танчери и кореографи Даниел Коцев, Леонтина Ѓорѓиевска и Стефи Здравковска, додека за мејкапот е задолжена Марија Лазарова.

daniel-dann-ja-pochna-godinata-so-nov-spot-kje-se-sheknam-promoviran-na-1-januari-03.jpg

„Среќен сум што токму со ‘Ќе се шекнам’ ја започнувам новата година.

Овој проект за мене претставува нов почеток и силна мотивација со уште поголема посветеност да продолжам со реализација на следните музички проекти,“ вели Даниел.

Песната „Ќе се шекнам“ од денес е достапна на сите музички платформи.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански ре... Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање у...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...

Најчитани неделава