„Ја волим кад си ту, кад си помало луда“ - Песната на Јаков Јозиновиќ е хит (меме) на Твитер и Инстаграм
Дали и вие си потпевнувате „Ја волим кад си ту, кад си помало луда“ или имате алергија на песната? Од Бока Конга што ја изведува на тапани до цвеќарници и слаткарници, кои прават букети и торти со овие стихови... Хитот на Јаков Јозиновиќ стана вирален во цел регион.

И покрај тоа што Јаков Јозиновиќ буквално „од фрижидер ми излегува“ во последните две седмици со неговата нова песна, која му е всушност втора по ред, „Ја волим“ - не ми пречи.
И јас како и многу жени се пронаоѓам во неговите стихови „Ја волим кад си ту, кад си помало луда“ и лесниот ритам ми годи, сепак песната е толку вртена и исфорсирана што другарки ми велат дека имаат буквално „ушобол“ кога ќе ја чујат и веќе им прави алергија.

Како и да е, песната беше промовирана на 3-ти февруари, а веќе направи неверојатни 5 милиони прегледи.
Штом излезе, веднаш започнаа коментари од типот: „Браво, Јакове, уште еден апсолутен хит“, „Ќе биде голем хит“...
Инаку, дечкото го врати она што ни недостигаше, едноставноста на музиката од минатото, а винтиџ нотата и романтиката во неговиот изглед, однесување и спотови очигледно се вистинскиот рецепт, а Јаков наскоро ќе го видиме и на концерт во Скопје.
На тема музиката, пријателите на Јаков велат:
„Толку силно веруваше во својот сон да полни огромни музички сали, што денес тој сон го живее“.

Сега, цвеќарници и слаткарници прават дела со неговите стихови испишани.