„Ја волим кад си ту, кад си помало луда“ - Песната на Јаков Јозиновиќ е хит (меме) на Твитер и Инстаграм

Дали и вие си потпевнувате „Ја волим кад си ту, кад си помало луда“ или имате алергија на песната? Од Бока Конга што ја изведува на тапани до цвеќарници и слаткарници, кои прават букети и торти со овие стихови... Хитот на Јаков Јозиновиќ стана вирален во цел регион.

ja-volim-shto-si-tu-shto-si-pomalo-luda-pesnata-na-jakov-jozinikj-e-hit-meme-na-tviter-i-instagram-01.jpg

И покрај тоа што Јаков Јозиновиќ буквално „од фрижидер ми излегува“ во последните две седмици со неговата нова песна, која му е всушност втора по ред, „Ја волим“ - не ми пречи.

И јас како и многу жени се пронаоѓам во неговите стихови „Ја волим кад си ту, кад си помало луда“ и лесниот ритам ми годи, сепак песната е толку вртена и исфорсирана што другарки ми велат дека имаат буквално „ушобол“ кога ќе ја чујат и веќе им прави алергија.

ja-volim-shto-si-tu-shto-si-pomalo-luda-pesnata-na-jakov-jozinikj-e-hit-meme-na-tviter-i-instagram-02.jpg

Како и да е, песната беше промовирана на 3-ти февруари, а веќе направи неверојатни 5 милиони прегледи.

Штом излезе, веднаш започнаа коментари од типот: „Браво, Јакове, уште еден апсолутен хит“, „Ќе биде голем хит“...

Инаку, дечкото го врати она што ни недостигаше, едноставноста на музиката од минатото, а винтиџ нотата и романтиката во неговиот изглед, однесување и спотови очигледно се вистинскиот рецепт, а Јаков наскоро ќе го видиме и на концерт во Скопје.

На тема музиката, пријателите на Јаков велат:

„Толку силно веруваше во својот сон да полни огромни музички сали, што денес тој сон го живее“.

ja-volim-shto-si-tu-shto-si-pomalo-luda-pesnata-na-jakov-jozinikj-e-hit-meme-na-tviter-i-instagram-03.jpg

Сега, цвеќарници и слаткарници прават дела со неговите стихови испишани.

И нашата пејачка Тамара Волческа ја изведува песната на настапи (кликнете на видеото):

Реакциите на социјалните мрежи за оваа песна:

Цвеќарница која прави букети со стиховите:

Слаткарница која прави торти со стиховите:

Луѓето кои имаат „ушобол“ од песната:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Светски и домашни хитови кои ќе прават 30 години во 2026-та - Дали се сеќавате на нив? Дали ви се верува дека поминаа три децении откако No Doubt го промовираа хитот D...
Ареа и Young Dadi со нова верзија на хитот „Oчи ангелски“ - 25 години подоцна Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова д...
„Коктел“ од емоции и страст со урбан шмек за срцебиење сто на час во – „Каде ти, таму јас“ Многумина ги паметат како дуо „Коктел“ кои во почетокот на 90-тите во ...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Песната Heavenly на Четкар од 2013 година доби ремикс и повторно го освојува светот (видео) Песната Heavenly, која нашиот џез-музичар Владимир Четкар ја сними во 2013 годин...

Најчитани неделава