„Небитен“ е приказна кога прифаќаш дека повеќе не си нечие „сè“ - Симона Поповска со нова песна

Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-балада која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.

nebiten-e-prikazna-koga-prifakjash-deka-povekje-ne-si-nechie-se-simona-popovska-so-nova-pesna-01.jpg

Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во пратечките вокали.

Видеоспотот се снимаше во планинскиот еко центар Grizzly -  уникатна дестинација на најубавиот видик на езерото Козјак,  во продукција на 20TWO Studio a под режисерската палка на Крсте Шупев.

Видео записот ја следи оваа внатрешна трансформација преку силна визуелна симболика. Главниот лик е жена која надворешно изгледа смирено и контролирано облечена во црно, во стаклен простор среде шума. Таа гледа кон светот надвор, но останува затворена во сопствената тишина, стабилна однадвор, а скршена одвнатре.

nebiten-e-prikazna-koga-prifakjash-deka-povekje-ne-si-nechie-se-simona-popovska-so-nova-pesna-03.jpeg

Во вториот дел од приказната, истата жена е прикажана во стаклена кутија, обвиткана во нежни слоеви, речиси разголена од сопствените заштити , ранлива, искрена и без маска. 

Стиховите „Тажно е што не те ни боли…“ и „Да поверувам, небитен си“ добиваат силна визуелна тежина, претворајќи ја песната во приказна за најтешката битка, прифаќањето дека си станал небитен за некој кој сè уште ти значи.

Во финалето, двете верзии на истата жена се соочуваат лице в лице, допирајќи се преку стакло. Тоа е момент на вистина , прифаќање на болката и сознание дека силата започнува токму кога ќе ја признаеш.

nebiten-e-prikazna-koga-prifakjash-deka-povekje-ne-si-nechie-se-simona-popovska-so-nova-pesna-04.jpeg

Стајлингот е на самата Симона, во уникатните одела на Сигнори.

„Небитен“ е приказна за љубовта што тивко крши  и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие „сè“.

„Небитен“ е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Симона Поповска.

Би можело да ве интересира:

Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Личната борба ја преточи во песна - Слушнете ја „Молитва” на Ивона Јо (видео) Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна ...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
Меѓу соништата и тишината: ДААН со нова емотивна поп балада – „Сам во моите сни“ Македонскиот пејач и автор Дарко Андонов ДААН ја претставува својата најнов...

Најчитани неделава