Пејачот двапати ќе се удавел, принцезата Дијана ги обожавала: Факти за Duran Duran кои ќе настапуваат во Скопје

Принцезата Дијана има изјавено дека Duran Duran се нејзиниот омилен бенд. Од бендот, пак, споделија дека Дијана им била омилената принцеза. Duran Duran се меѓу пионерите за музички спотови, имаат безброј хитови кои се сметаат за класика, а на 2-ри јули настапуваат и во Скопје.

pejachot-dvapati-kje-se-udavel-princezata-dijana-gi-obozhavala-fakti-za-duran-duran-koi-kje-nastapuvaat-vo-skopje-01.jpg

Со децении, Duran Duran важат за еден од најпопуларните поп-рок бендови во светот.

Формиран во 1978 година од Џон Тејлор, Ник Роуд и Стивен Дафи, Duran Duran го добил името од лик од култниот филм Barbarella, а низ годините се етаблира како еден од најдобрите британски бендови.

Поставата на бендот се менувала неколкупати, а денес ја сочинуваат основачите Ник Роудс (клавијатури) и Џон Тејлор (бас), како и Роџер Тејлор (тапани) и Сајмон Ле Бон (вокалист).

Низ годините имаат издадено бројни хитови, како The Wild Boys и Ordinary World, од кои дел се сметаат за класици.

Плодната кариера вклучува низа музички награди, како Греми и MTV VMA за животно достигнување, а Duran Duran е и еден од бендовите кои можат да се пофалат со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд и се членови на Куќата на славните на рокенролот.

Зад себе имаат безброј настапи и концерти, а ова лето, на 2-ри јули, ќе имаме чест да ги слушнеме и во Скопје.

Неколку факти за бендот и неговите членови што сигурно не сте ги слушнале досега:

Во ’80-тите и ’90-тите беа цензурирани

Благодарение на спотот за песната Electric Barabrella од 1997 година, Duran Duran се соочиле со цензура од страна на MTV поради експлицитната содржина.

Ѕвездата во видеото е секс робот, па поради некои сцени, позната музичка телевизија не сакала да го емитува.

Песната беше огромен хит, па спотот беше преправан за да биде посоодветен за телевизија. Но, додека да почне да се емитува, Electric Barabrella веќе не се наоѓаше на топ листите.

И покрај цензурата, спотот сепак се прослави, а песната е еден од хитовите на бендот што се слушаат до денес.

Duran Duran се пионери во музичките спотови

Во 1981 година беше лансирна телевизијата MTV, а првиот музички спот кој беше емитуван е Video Killed the Radio Star.

Истата година, Duran Duran го објави спотот за Girls on Film, па бендот стана еден од пионерите во музичките спотови.

Следната година тие го објавија спотот за Hungry Like the Wolf кој преку ноќ стана еден од омилените кои се емитуваа на MTV.

Притоа, сите спотови на Duran Duran имаа цели приказни, а голем дел беа снимени на егзотични локации, па не изненадува што брзо почнаа да се истакнуваат од другите артисти од тој период.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...

Најчитани неделава