Не победиле на шоу за таленти, а станале ѕвезди со светска слава
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не победиле на шоу за таленти, а станале ѕвезди со светска слава

Дел од нив не ја поминале дури ни аудицијата, а останатите биле елиминирани во раните фази од натпреварoт. На своето испаѓање, Бијонсе се сеќава како на „единствен неуспех во кариерата“.

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-1.jpg

Патот до успехот е тежок, особено во музичката индустрија. Сѐ зависи од тоа кој ќе ве слушне и види, како и дали ќе умее да го препознае вашиот талент.

Дел од најголемите светски ѕвезди на денешницата, првично ја немале таа среќа. Се натпреварувале во шоуа за таленти, но не победиле. Некои од нив, не биле дури ни близу до првото место.

Сепак, тоа не ги поколебало во намерата да го остварат својот сон, туку смело продолжиле понатаму, а сега се успешни музички имиња со многубројни хитови зад себе.

Во продолжение, ви откриваме кои се тие, навраќајќи се на нивните почетоци и први настапи:

Бијонсе

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-2.jpg

Кога имала 12 години, музичката кралица Бијонсе настапила во американското шоу за таленти „Star Search“.

Се натпреварувала како дел од групата „Girl's Tyme“, во која членувала и нејзината добра пријателка Кели Роланд.

Во далечната 1993-та година, девојките сепак не прошле понатаму. Денес, Бијонсе вели дека изборот на песна не бил добар, а тоа го смета за единствен неуспех во својата кариера.

Исечокот од настапот, вклучувајќи го и испаѓањето од натпреварувањето, таа го вметна во нејзината песна „Flawless“.

Зејн Малик

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-3.jpg

Како и остатокот од „One Direction“, Зејн Малик се натпреварувал, но не победил во британскиот „X Factor“. Mашкиoт бенд бил формиран за време на шоуто, а завршиле на третото место.

На почетокот, Зејн воопшто не сакал да биде дел од групата, па често доцнел на пробите и одбивал да ги вежба танцувачките движења.

Во еден момент, Најл, Хари, Лиам и Луис сакале да го исфрлат од групата, но сепак останал. Денес, пак, тој има успешна соло кариера.

Бекстрит Бојс

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-4.jpg

Кога сме кај машките бендови, ниту омилените „Backstreet Boys“ не поминале понатаму во „Star Search“.

Не е ни чудо, кога ќе видите и слушнете како се претставиле тогаш. Момците не биле усогласени, а танцот им изгледал прилично смешно.

Сѐ на сѐ – сѐ уште не било нивното време. За среќа, коцките им се склопиле, па по само неколку години од фијаското, тие прераснаа во најуспешната машка група во историјата, со повеќе од 130 милиони продадени албуми ширум светот.

Џенифер Хадсон

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-5.jpg

Сега успешната глумица и пејачка, имала обид да дојде до славата во „American Idol“ во 2004 година.

Не поминала најдобро, а Џенифер сѐ уште им замерува што изгубила од Фантазија Барино, за која денес никој не знае.

Дури ни Сајмон Коел не успеал да го препознае нејзиниот талент, додека ја пеела „I Have Nothing“ од Витни Хјустон.

Бритни Спирс

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-6.jpg

Поп принцезата стана мега-позната веќе на 16 години, но тоа не значи дека не се обидувала и претходно.

Бритни Спирс била учесничка на „Star Search“ во 1992 година, кога имала само 11 години. Ја пеела „Love Can Build a Bridge“, но изгубила.

Дури и нејзиниот тогашен противник останал вчудоневиден, бидејќи бил уверен дека Бритни ќе го „прегази“.

Затоа, пак, таа стана инстант ѕвезда, кога во 1998 година запеа и танцуваше на „Baby One More Time“.

Ашер

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-7.jpg

Спротивно на називот, шоуто „Star Search“ не пронашло баш многу ѕвезди, бидејќи во 1991 година го одбиле и Ашер.

Учествувал на 13-годишна возраст, а неговиот совршен глас не бил доволно добар за жирито.

Но, не испаднало сѐ така лошо за Ашер, бидејќи многумина го забележале токму на таа аудиција.

Наскоро потпишал договор со Epic Records, а останатото е веќе историја.

Џастин Тимберлејк

ne-pobedile-na-shou-za-talenti-a-stanale-dzvezdi-so-svetska-slava-8.jpg

Да, повторно се работи за шоуто „Star Search“. Џастин Тимберлејк имал 11 години и бил преслатко дете кое пее – кантри музика.

Со комплетен каубојски изглед и уште тогаш воочлив талент за танцување, тој сепак бил елиминиран од натпреварувањето.

Но, Џастин не морал предолго да чека на славата, бидејќи со „NSYNC“ стана славен неколку години подоцна, а денес е успешен соло пејач.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои песни се очекува да бидат хитови за пролет 2019? Сè уште се нема издвоено ниту една песна која е на пат да ја одбележи 2019 годин...
Дуа Липа царуваше на топ листите - Кои песни најмногу се слушаа во 201... Кои песни станаа најголеми хитови во годината со која сме подготвени да се збогу...
10 песни кои се очекува да бидат летни хитови за 2019 година Летото е речиси на прагот. Температурите полека се зголемуваат, а забавите стану...

Најчитани неделава