Најубавите стихови од песните на Тоше Проески

Единствен, непреболен, незаборавен... Иако поминаа десет години од смртта на Тоше Проески, тој останува нашата најсветла ѕвезда.

najubavite stihovi od pesnite na toshe proeski 01

Амбасадорот на македонската музика со својот талент направи не само Македонија, туку и цел регион да се поклонува пред него.

Тоше во текот на својата блескава кариера отпеа некои од најубавите љубовни стихови на сите времиња, а сега ќе се потсетиме на дел од нив.

1. „Усни да ти бакнувам, нежно да те прегрнам, да ти признам, љубена, дека си ми сѐ. Срце не се лекува, ќе те сакам довека, ниедно сеќавање немам без тебе.“

2. „Темно е тајно моја, а во душа светат фенери. Сѐ што имав заложив да ти пеам под пенџери.“

3. „За овој свет, eден и единствен, треба сѐ да сториме, само тој го имаме. За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“

4. „Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи, кој во моето минато плови сосем мирно без да се срами.“

5. „Срцата полни, а утрото ѕвони со љубовен звук, еден за други како празник секој почнуваше ден бакнежи, прегратки, очи насмеани. Помниш ли сѐ што имавме премногу среќа за да ни потрае.“

6. „Во коси да ти спијам, без престан да те љубам, од твојот нежен допир да излудам. Во коси да ти спијам, во зора да те будам, за тебе ако треба сѐ да изгубам.“

7. „Магла пак ме покрива, мириса на невола ноќва сум ти така сам, улици накиснати, прозорци расплакани каде ли си бар да знам.“

8. „Добро се снаоѓаш, сѐ подобро изгледаш, нека те води животот таму кај што си најсреќна. Не ме поздравуваш, знам не ти требам јас и подобро така да не видиш како без тебе пропаѓам.“

9. „Не е месечината во ноќва што ми свети, светат очи љубов преполни. Не е месечината во ноќва што ме опи, пијам усни меки и заводливи.“

10. „По тебе кај што газиш мојот поглед бакнува, мојто срце стапки ти одбројува, гори надеж ден да дојде твојот чекор кон мене да појде.“

11. „Помеѓу врати и прозорци на кревет спомени лежат, тука се моите чекори, но како олово тежат. Од мене што и да бараш јас сум на адреса стара.“

12. „Тој поглед сѐ ми значи, ќе ти дарам топла душа,твоето срце лед што зрачи ќе се стопи, ќе ме слуша. И би дарил вишни неба, дај ми место покрај себе, ти си сонот што ми треба, никој не е како тебе.“

13. „Среќна ли си ти, сега кога носиш злато или несреќна што на мое место туѓи дланки треперат? Тоа срце кому припаѓа?“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Младиот артист Киро дебитира со моќно ЕП „Ван контрола“ – урбани вибрации од срцето на Куманово На македонската музичка сцена пристигнува нов, искрен глас кој допира директно в...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg