Младиот артист Киро дебитира со моќно ЕП „Ван контрола“ – урбани вибрации од срцето на Куманово
На македонската музичка сцена пристигнува нов, искрен глас кој допира директно во срцето – Киро, уметнички псевдоним на 21-годишниот Христијан од Куманово, со своето прво EP „Ван контрола“, објавено на 15 јуни 2025 на неговиот официјален YouTube канал i и сите streaming платформи.
Проектот содржи четири оригинални песни:
- „ПЛБ“ – Интро летен хит што се лепи за секое уво.
- „Ван контрола“ – Опис на мистичната скриена страна на понежниот пол.
- „Рози“ – Песната нежно, но директно зборува за променетите вредности во модерните врски, каде искреноста сѐ почесто се губи зад материјалното.
- „Тотално“ – Љубовна енергетска експлозија на емоции.
На целиот проект Киро работел интензивно шест месеци, водејќи сметка за секој стих, бит и визуел. Целото ЕП е склопено во домашно мини-студио, без позади сцена тим или голем буџет – само визија, упорност и суров талент
Визуелниот стил на ЕП-то е исто така впечатлив – пастелни розеви тонови кои асоцираат на чувства што се искрени и „без филтри“ – како прва симпатија или чиста емоција, што совршено одговара на ЕП-то „Ван контрола“ – нежен, но искрен поглед во една внатрешна борба.
Во кратко интервју, Киро вели:
„Ова EP е дел од мене. Го работев секој ден – црпејќи инспирација од добрите и лошите страни на девојките кои во моментите на создавање на овој ЕП беа дел од мојот живот. Секоја песна од ЕП-то е поврзана со вистинита личност. Сакав да создадам нешто свое, нешто што ќе зборува гласно и искрено. Без маски. Ако барем една личност се препознае во тоа што го кажувам – вреди.“
Со својот личен стил, тој додава и:
„Ако е права, ќе се вози со тебе на точак.“ – изјава поврзана со „Рози“, втората најслушана песна од проектот, која веќе циркулира на социјалните мрежи.
🎧 Слушнете го EP-то овде, споделете, поддржете.
Ова не е само музика – ова е младост, искреност и борба за глас.
Киро не застанува – тој веќе создава нова музика и го гради својот пат под македонското музичко небо.
Instagram & TikTok: @vikajmekiro
