Најубавата љубовна порака од насловите на песните на Владо Јаневски

„И тогаш некоја будала“ „некогаш и негде“ ќе те спомене пак и „ако не те сакам“ тогаш зошто ми е вака. Ти си мојата „тајна отровна“ и кога и да те видам „повторно се заљубувам во тебе“.

najubavata ljubovna poraka od naslovite na pesnite na vlado janevski 01

Ние бевме „две души и месечина“, а нашата „чаирска романтика“ не можат да ја заменат ниту „10 девојки“.

„Твојте очи“ кога ќе ме погледнеа пееја „ова е само наше Скопје“, а „еден бакнеж“ од тебе ме опиваше повеќе од „црно тиквешко“.

Сите „булки“ малку се за да се натпреваруваат со твојата убавина.

„На тебе сè ме потсеќа“ и како „мавровска белина“ ми е јасен пред очи денот кога рече „лесно ти е да ме оставиш“ и ми откина „парче душа“.

najubavata ljubovna poraka od naslovite na pesnite na vlado janevski 02

„Љубовта е моја религија“, а ти се однесуваш „ко да вчера не ни било никогаш“. „Ваков или таков“, „не заборавај да се сетиш на мене“.

„Напрај место“ во срцето без разлика „кој е крив“. „Далеку е небото“, далеку си ти, а „зборови“ малку се да ти покажам дека ти си мојот „евергрин“.

„Од овој ден“ признавам дека „дома си е дома“ само со тебе и дека ќе бидеш мојот „компас“, па дури и да ми е тоа „последна заблуда“.

„Ти немаш право“ да ме спречиш да престанам да се надевам.

„Не зори зоро“, не зори без неа…

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
После 13 години, Некст Тајм со прва авторска песна - приватни семејни снимки, видео снимено додека б... „Еј, другари, браќа, дигнете чаша за спомените…“ – стихови што ја откриваат глав...
„Нема жена како тебе“ на Јоце Панов ја здогледа светлината на денот „Нема жена како тебе“, новата песна на Јоце Панов предизвика голем интерес кај п...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...

Најчитани неделава