Топ 10 милионерки: Кои се најплатените пејачки во светот?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Топ 10 милионерки: Кои се најплатените пејачки во светот?

Бијонсе се најде на врвот од годишната листа за жени со најголема заработка во музичката индустрија, што ја составува престижниот магазин Forbes.

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-1.jpg

Магазинот наведува дека Бијонсе во претходните година дена заработила 105 милиони долари, првенствено благодарение на визуелниот албум „Lemonade“ и светската турнеја „Formation“, која ѝ донесе четвртина милијарда долари.

Популарната пејачка инкасираше пари и во модниот свет, од линијата „Ivy Park“, но и останатите деловни потфати.

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-2.jpg

На второто место од листата се најде Адел, со заработка од 69 милиони долари. Таа беше на турнеја во текот на 2016 и 2017 година, кога го промовираше албумот „25“.

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-3.jpg

Од прво на трето место падна Тејлор Свифт, која е побогата за „само“ 44 милиони долари, но магазинот тврди дека следната година ќе биде нејзина. Пејачката штотуку го објави албумот „Reputation“ и се подготвува за светска турнеја.

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-4.jpg
Forbes ги направи пресметките врз основа на заработката на музичарите пред оданочувањето, во периодот од 1-ви јуни 2016 до 1-ви јуни 2017 година.

Во продолжение, погледнете кои се десетте најплатени жени во музичката индустрија:

1. Бијонсе (105 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-5.jpg

2. Адел (69 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-6.png

3. Тејлор Свифт (44 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-7.jpg

4. Селин Дион (42 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-8.jpg

5. Џенифер Лопез (38 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-9.jpg

6. Доли Партон (37 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-10.jpg

7. Ријана (36 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-11.jpg

8. Бритни Спирс (34 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-12.jpg

9. Кети Пери (33 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-13.jpg

10. Барбара Стрејсенд (30 милиони долари)

top-10-milionerki-koi-se-najplatenite-pejachki-vo-svetot-14.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 видео-спотови на Мадона кои ја обележаа историјата Мадона остави неизбришлива трага во поп културата. Ја критикувале, ја фалеле, ја...
„Не можев да зборувам за абортусот, па затоа напишав песна“ Музичката ѕвезда Аманда Палмер е позната по тоа што во својата 20-годишна кариер...
Даниел Кајмакоски во мини здолниште - „му легна“ улогата на Тејлор Сви... Нашиот пејач без сомнение ги воодушеви и жирито и публиката, во петтата сезона о...

Најчитани неделава