„Забрането“ - нова песна на Марија Спасовска по една година пауза

Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, по речиси една година пауза има нова песна.

zabraneto-nova-pesna-na-marija-spasovska-po-edna-godina-pauza-01.jpg

Во периодот кој е зад неа младата пејачката беше посветена на студиите и факултетот на престижниот американски „Сити колеџ“ во Солун, каде покажа дека не е врвна во креирањето и изведбата на сопствената музика, туку и во совладувањето на знаењата, зашто Марија беше прогласена за најдобар студент меѓу бруцошите во прва година.

Заради отсуството од дома и академските обврски, разбирливо музиката беше на „стен бај“, но не и креативноста па така Марија за време на летната пауза повторно е дел од второто продолжение на караван проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде со нејзината изведба ја возобнови познатата охридска песна „Ја излези стара мајко“.

zabraneto-nova-pesna-na-marija-spasovska-po-edna-godina-pauza-02.jpg

Со искусната екипа познати македонски фолк и поп ѕвезди патува и низ градовите во Македонија, каде музичкиот караван има серија свои концерти на плоштадите.

Но, својата лична авторска креативност младата пејачка ведета ја вткајала во својата најнова песна насловена „Забрането“. Провокативен наслов кој зборува за една приказна во која што тоа и кому му е забрането и дали забранетото всушност е најубаво и најслатко?

Песната  неслучајно беше објавена вчера, недела, 05 октомври, токму на роденденот на Марија Спасовска,  која  на својот YouTube  каналот премиерно ја емитуваше песната која заедно со видеото беше пуштена во Интернет етерот, каде е достапна на сите стриминг платформи.

zabraneto-nova-pesna-na-marija-spasovska-po-edna-godina-pauza-04.jpg

Инаку автор на музиката и стиховите е самата таа, додека за аранжманот се погрижил Иван Јованов – Ивајо.

За песната е снимен како што рековме и видеоспот, кој го потпишува Томислав Живковиќ.

Проследете го видеото на Марија Спасовска во продолжение за да дознаете зошто е најубаво она што е „Забрането“!?

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...

Најчитани неделава