Најтрогателната љубовна порака од насловите на песните на Елена Ристеска
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Doktor 03-06-2020


Најтрогателната љубовна порака од насловите на песните на Елена Ристеска

najtrogatelnata-ljubovna-prikazna-od-naslovite-na-pesnite-elena-risteska-02.jpg

Стојам пред тебе „без шминка“ со изгризени „усни како темно мастило“. Кажи ми „како да се радувам“ кога „есен во мене“ царува.

Навистина „немаш право да ми судиш“ кога не се потруди воопшто да траеме „доживотно“. „А можевме многу“, но сега е предоцна.

Живеев во „рај и пекол“ едновремено, но веќе ми е „доста“. „Не сакам да кријам“ дека повеќе немам ниту грам енергија.

najtrogatelnata-ljubovna-prikazna-od-naslovite-na-pesnite-elena-risteska-01.png

Ова е „опасно време“ и мене „милионер“ не ми треба. Сакам да појдам „некаде далеку“, да си пеам „нинанајна“, да пијам „текила и лимон“ и „сакам по добро да те памтам“.

Колку и да „сакам да те галам“, воопшто не ми се допаѓа тоа „што си ти“, „не можам“ да останам...

„Вети“ дека ќе ме сакаш засекогаш и дека сакаш да сум среќна по секоја цена, затоа сега пушти ме.

Морам да живеам „без шминка“!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фиктивно интервју со просечен македонски естраден музичар Трајче Стојчески е типичен фиктивен македонски естраден пејач и скопски фраер. Н...
Најубавите стихови од песните на Тоше Проески Единствен, непреболен, незаборавен... Иако поминаа десет години од смртта на Тош...
Северина ја објави најемотивната балада досега - посветена на нејзиниот син (видео) За новиот хит на Северина, „Rođeno moje“, нејзините соработници велат дека ...

Спонзорирани линкови: