Фестивали, омилени бендови и кул луѓе - Настани кои вреди да ги посетите летово
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фестивали, омилени бендови и кул луѓе - Настани кои вреди да ги посетите летово

Некој да не спомна музика? Кога би ме прашале мене, да сум во можност би го посетил секој фестивал кој ќе ми го привлече вниманието. Но, периодов и не е така лошо, кога знаеме дека барем неколку огромни настани се на повидок во Македонија и соседството.

festivali omileni bendovi i kul lugje muzicki nastani koi bi mozele da gi posetime 6

Ако сé уште се двоумите каде сакате да отпатувате во наредните недели, можеби оваа листа на фестивали ќе ви помогне да си го продлабочите летово и да се наполните со искуства и доживувања:

Д-Фестивал (06-08 јули – Дојран)

На почеток од јули нè чека ако не и една од најинтересните „дешавки“ во државата. Мора да признаеме дека комбинацијата е кул, зошто нешто слично ретко се случува кај нас.

Музика и фестивалска атмосфера заедно со илјадници посетители, четири бини и камп. 

Paul Van DykDisciplesFink, Горан Трајкоски, SEVDALIZAWho See... и многу други изведувачи ќе бидат на Д-Фестивал за да нèз абавуваат!!!

festivali omileni bendovi i kul lugje muzicki nastani koi bi mozele da gi posetime 8

festivali omileni bendovi i kul lugje muzicki nastani koi bi mozele da gi posetime 3

Rockwave Festival (6, 19, 20 јули - Атина, Грција)

Еден од најпознатите фестивали во Грција е Rockwave Festival, кој традиционално се одржува од 1996 година, но популарноста ја стекнува дури во 2004 година, кога ќе се пресели на нова локација, TerraVibe Park.

На 6-ти јули Arctic Monkeys ќе бидат ѕвездите на вечерта, а две недели подоцна, на 19 јули Judas Priest, заедно со SaxonAccept ќе бидат бендовите кои ќе свират пред илјадници посетители.

Ден подоцна, 20 јули, Iron Maiden, како и VolbeatTremonti и The Raven Age ќе „рокаат“ на главниот стејџ.

festivali omileni bendovi i kul lugje muzicki nastani koi bi mozele da gi posetime 1

festivali omileni bendovi i kul lugje muzicki nastani koi bi mozele da gi posetime 5

Hills of Rock (20-22 јули – Пловдив, Бугарија)

За оние кои сакаат да уживаат во хеви-метал звук, тука е фестивалот Hills of Rock во Пловдив. Еве каде е Бугарија, па логички е дека овој настан не смее да се пропушти.

Да се гледаат SabatonIron MaidenJudas Priest… во рок од три дена воопшто не е мала работа. За некого овој фестивал може да биде најлудо доживување летово!

FotoJet111

festivali omileni bendovi i kul lugje muzicki nastani koi bi mozele da gi posetime 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакам да знам” - Дали ќе успеам, ако останам тука? Неодамна на социјалните мрежи се појавија интересни видеа, кои поттикнаа многу п...
10 песни кои се очекува да бидат летни хитови за 2019 година Летото е речиси на прагот. Температурите полека се зголемуваат, а забавите стану...
Интервју Replay: Секој настап каде луѓето реагираат позитивно на нашат... Бендот Replay активно свири веќе 4 години и бендот е составен од гитара, &n...