12-часовни тренинзи, пластични операции: Зошто е ужасно тешко да се биде поп ѕвезда во Кина?


12-часовни тренинзи, пластични операции: Зошто е ужасно тешко да се биде поп ѕвезда во Кина?

Дали овој суров режим е превисока цена за слава? Само слабите, тенките и убави девојки се прифатливи за да бидат музички ѕвезди во Кина.

12-chasovni-treninzi-plastichni-operacii-zoshto-e-uzasno-teshko-da-se-bide-pop-dzvezda-vo-kina-01.jpg

Последната поп атракција во Кина е женската група „Rocket Girls“, составена од 11 девојки кои се облекуваат во специфични аутфити и изведуваат прецизно совладана кореографија пред илјадници фанови што врескаат од возбуда.

Бендот е резултат на музичкото шоу „Produce 101“, слично како „X фактор“, каде од 101 натпреварувачка, повеќето на возраст од 18 до 22 година, требало да бидат избрани членките на групата.

12-chasovni-treninzi-plastichni-operacii-zoshto-e-uzasno-teshko-da-se-bide-pop-dzvezda-vo-kina-02.jpg

Но, дури и за воопшто да се натпреварувате во ова шоу треба да докажете дека сте исклучителни. Многу од нив претходно тренирале на елитните академии како Banana Entertainment во Пекинг, каде млади луѓе од цела Кина се ставени на ригорозен режим.

Во програмата на Banana Entertainment секоја година само 18 момчиња и девојки од целата земја се избрани за да бидат дел.

12-chasovni-treninzi-plastichni-operacii-zoshto-e-uzasno-teshko-da-se-bide-pop-dzvezda-vo-kina-03.jpg

Тренирањето таму им е како работа со работно време од 12 часа на ден, па посетуваат часови по музика, танц, односи со јавност, манири, фитнес, шминкање. Инструктори од Кина, Америка и Јужна Кореја раководат со процесот.

Неретко тие имаат повреди од напорното темпо. Секој месец имаат испити и снимаат видеа на кои презентираат што научиле. Тие што ќе добијат најмалку поени дури се бркани од академијата.

12-chasovni-treninzi-plastichni-operacii-zoshto-e-uzasno-teshko-da-se-bide-pop-dzvezda-vo-kina-04.jpg

Учесниците се на строга диета и тоа најчесто јадат овошје за доручек, ручек и вечера. Од академијата сметаат дека качувањето килограми не изгледа добро пред камерите, плус е проблем при изборот на стајлинг.

Постојано се под стрес да не се здебелат, а во Кина, особено за појавување на телевизија, важат апсурдни стандарди за убавина на жените „bai, shou, mei“, што значи „бели, слаби и убави“.

12-chasovni-treninzi-plastichni-operacii-zoshto-e-uzasno-teshko-da-se-bide-pop-dzvezda-vo-kina-06.jpg

Пластичната хирургија цвета затоа што Кинеските се обидуваат да си ги направат лицата потенки, носот потенок, а очите поголеми.

12-chasovni-treninzi-plastichni-operacii-zoshto-e-uzasno-teshko-da-se-bide-pop-dzvezda-vo-kina-05.jpg

Овие стандарди важат и во Јужна Кореја, каде музиката K-pop руши граници и стекнува популарност и низ целиот свет, па и меѓу младите во Македонија.

Но, и покрај суровите услови за функционирање поп идолите во Кина се одлучени да продолжат да го прават тоа што го прават.

12-chasovni-treninzi-plastichni-operacii-zoshto-e-uzasno-teshko-da-se-bide-pop-dzvezda-vo-kina-07.jpg

Настап на групата „Rocket Girls“:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто е денешната поп музика толку лоша? Појавата и ширењето на т.н популарна музика во средината на минатиот век го смен...
10 видео-спотови на Мадона кои ја обележаа историјата Мадона остави неизбришлива трага во поп културата. Ја критикувале, ја фалеле, ја...
Се чувствувате стари? Хитот на Бритни Спирс „Baby One More Time“ просл... Кога легендарниот текстописец Макс Мартин ѝ ја пуштил демо верзијата на „...Baby...